Што да јадете за да изградите силни и големи мускули на природен начин?

Ако целите кон убава градба на телото, тогаш трчањето е една од најдобрите физички активности која може да ја изберете. А, доколку трчањето го комбинирате со правилна исхрана, тогаш сигурно ќе го постигнете посакуваниот резултат.

trcanje--hrana-sto-da-jadete-za-da-izgradite-silni-i-golemi-muskuli-01

При консумација на овие 7 намирници во комбинација со трчање ќе ја создадете добитната комбинација за здрави и убави мускули:

1. Лосос

Рибата е еден од најдобрите продизводи за градење на мускули, но лососот е на врвот. Тој содржи уникатна комбинација на најдобрите масти, Б-витамини, белковини и хранливи материи како магнезиумот – кој помага во градење, обнова и закрепнување на мускулите.

Освен тоа, лососот е одличен избор за оние кои јадат за да се утешат, бидејќи оваа риба ја намалува желбата за храна и плус ги согорува маснотиите.


2. Јајца

Белката од јајцето е особено добра за градење на убаво тело – затоа што содржи малку маснотии, а многу белковини, посебно ако ја комбинирате со трчање. Сепак немојте целосно да ја исфрлите жолчката затоа што и таа содржи здрави маснотии, без разлика на високото ниво на холестерол.

Јајцата всушност го намалуваат лошиот холестерол во телото и го зголемуваат нивото на здравиот, што значи дека тие се здрави ако ги консумирате умерено. За оптимална комбинација на белковини и здрави маснотии јадете 3 белки и жолчка.


3. Зелен зеленчук

Спанаќот е одличен избор затоа што е полн со белковини и го снабдува телото со витамин Е, магнезиум, влакна, витамин Ц и витамин Б.

Кељот, блитвата и зелката се оптимални за градење на мускулна маса. Кога се комбинираат со трчање освен што гарантираат најдобро обликување на мускулите, тие го подобруваат изгледот на кожата, косата и ноктите.


4. Сладок компир

Тој е богат со јаглехидрати кои се важни за одржување на нивото на глукозата – што е клучно за согорување маснотии и одржување на мускулната маса.

Слаткиот компир е одличен сојузник на слабеењето благодарениена влакната кои се содржат во него и бидејќи подолго ве држи сити, за разлика од другите зеленчуци на база на скроб. Освен тоа, тој е совршена и здрава замена за лебот.


5. Бадеми

Бадемите се еден од најголемите извори на витамин Е, влакна, магнезиум и други материи кои помагаат во градењето и обновувањето на мускулите како и одржување на здраво срце – што е исто така важно за да можете да трчате.

Јадете бадеми за ужина или кога добиете желба за слатки или грицки. Бадемите исто така допринесуваат за забрзување на метаболизмот, што е клучно за согорување маснотии и градење мускули.


6. Ленени семки

Благодарение на комбинацијата од влакна, белковини и здрави масти кои помагаат во согорување на масното ткиво, ленените семки го подобруваат процесот на градење мускули.

Тие изобилуваат со здрави омега 3 масни киселини кои помагаат при слабеење, превенција на депресија, дијабетес и одржување на здраво срце. Ленените семки се одличен додаток во јогурт, смути, житарки и салати.

Најдобро е да ги консумирате мелени затоа што на тој начин телото многу подобро ќе ги апсорбира хранливите материи отколку ако се во цело зрно. Чувајте ги во фрижидер.


7. Безмасен јогурт

Богат со калциум, белковини, Б-витамин меѓу кои и Б-13 кој е неопходен за добар метаболизам и работа на мускулите. Добрата страна на безмасниот јогурт е тоа што за разлика од другите јогурти и млечни производи содржи помалку лактоза – на која многу луѓе се интолерантни.

Безмасниот јогурт помага во градење на мускулите и ги снабдува со аминокиселини кои помагаат во закрепнување на мускулите. Избегнувајте ги оние со додатен вкус бидејќи тие содржат огромни количини шеќери. Место тоа, додадете овошје по ваш избор.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...

Најчитани неделава