Намирници кои ќе направат стриите да бидат помалку видливи

Борбата со стриите не бира возраст или пол и обично трае со години. Без оглед на тоа колку скапи креми или третмани ќе пробате, невозможно е да ги отстраните.

namirnici-koi-ke-napravat-striite-da-bidat-pomalku-vidlivi-001.jpg

Сепак, нивната видливост се намалува зависно од она што го внесувате во организмот.

Каква храна треба да јадете за стриите да бидат помалку видливи?

1. Мешунки – протеините кои се наоѓаат во гравот, грашокот и леќата го поттикнуваат производството на колаген во телото.

2. Чај – течностите го хидрираат телото заради што кожата изгледа позатегната, а антиоксидансите ги зачувуваат клетките здрави и неоштетени.

3. Храна богата со цинк – цинкот е неопходен за производство на колаген и го сочувува ткивото здраво. Цинкот исто така е клучна состојка за заздравување на кожата, затоа почесто консумирајте месо, риба, бразилски ореви, кикирики, тофу, јаткасти плодови и овес.

4. Вода – за кожата да може да остане еластична, телото мора да биде хидрирано.

5. Рибино масло – витаминот Д игра клучна улога во спречувањето епидермисот да се растегне, односно да се направат стрии на растегнатата кожа. Рибиното масло е еден од најбогатите извори на витамин Д и најлесно се наоѓа во туната.

6. Портокал – портокалите се богати со вода и помагаат да се пополни просторот помеѓу клетките на кожата заради што се минимизира видливоста на стриите. Плус, витаминот Ц ја прави кожата помазна, а антиоксидансите ги заздравуваат евентуалните рани.

7. Боровинки и гоџи – витамините и останатите хранливи вредности имаат моќно дејство како антиоксиданси кои го штитат телото од слободните радикали кои се делумно одговорни за стриите. Додајте ги овие зрна во појадокот или вечерата за да го задржите здравјето на кожата.

8. Сладок компир – богат со витамин А, слаткиот компир помага телото да создаде нови клетки кожа кои ја намалуваат видливоста на веќе постоечките стрии.

9. Брокула – уште еден плод богат со витамин Ц кој е клучен за производство на колаген.

10. Сардина – богата со омега 3 масни киселини, ги намалува можните воспаленија кои се поврзани со оштетувањето на кожата. Маслото од нив кожата ја прават помека и мазна.

11. Јајца - Без разлика дали ги варите или пржите, јајцата се корисни во борбата против стрии. Тие се одличен извор на протеини, кои се есенцијални за младоликата кожа.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали спанаќот смее да се подгрева?“ „Дали смее да се подгрева спанаќот? Дали смее да се меша со метална лажица? Дали...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...

Најчитани неделава