5 производи кои ќе ве оладат подобро од сладолед, а нема да ве здебелат

Во време на летните горештини, бараме начини да се разладиме. За сите оние кои не можат да отпатуваат и да се разладат читајќи книга покрај море, постојат неколку намирници кои можат да ви донесат вистинско освежување.

hranlivi-a-sepak-vkusni-5-namirnici-koi-kje-ve-oladat-na-letnite-gorestini-01.jpg

Тие се лесно достапни и може да се најдат во секое домаќинство.

За време на високите температури, хидратацијата на организмот е уште поважна и би било добро да ја зголемите консумацијата на овошје и зеленчук поради високиот процент на вода, кој тогаш служи како дополнителен извор на течности.

Исто така, треба да избегнувате мрсна и солена храна како и кофеински пијалаци.

Дополнително, внесувајте ги овие 5 намирници кои ќе ве оладат, а нема да ве здебелат:

1. Краставица

Поради високата количина на вода, краставицата е прва на листата намирници кои можат да ве освежат во текот на летните месеци. Поради ниската калориска вредност, има широка примена во супите, салатите и сендвичите.

Добро оди со тиквички, домат, црн патлиџан, зачинето со лимонов сок и добивате лесна и вкусна салата – идеална за топлите летни денови.

2. Домат

Поради својот состав, доматите се едни од најздравите зеленчуци кои може да ги консумирате. Тие се застапени во сите летни салати, а во кожата на доматот се наоѓа спој кој делува како природна заштита од сонцето, што придонесува кожата да биде млада подолго време.

3. Лубеница

Поради големата концентрација на вода, лубеницата е едно од најдобрите овошја за освежување. Вкусна, сочна и лесна – затоа е идеалниот десерт по летен ручек.

За дополнително разладување, добро е да ја комбинирате со ананас и праски или некое тропско овошје. Освен што ќе ве освежи, таа ќе ви ги обезбеди и потребните витамини и минерали.

4. Грејпфрут

Ова тропско овошје, освен што е познато по својот горко-кисел вкус, познато е и по високото ниво на биоактивни материи кои поволно влијаат на нашиот организам.

За разладување, најдобро е да се консумира сок од свежо исцеден грејпфрут, кој ќе ви помогне во регулација на потењето, а се користи и за намалување на прекумерната телесна маса.  

5. Салата од елда

Ако сакате вкусен, нутритивно богат и лесен оброк во текот на летните денови, размислете за салата од елда. Потребно е да ја сварите и оладите, а потоа да додадете туна, пченка, свеж домат и краставица, да зачините со лимонов сок и малку црн пипер.

Таквиот оброк лесно се вари, нема да го надуе стомакот, лесно се подготвува и ќе ви стане омилен рецепт за во лето. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава