Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Намирници кои можете да ги јадете пред спиење

Постојано добиваме совети за храната која никако не смееме да ја јадеме пред спиење, но дали знаете кои намирници е всушност добро да ги конзумирате пред да потонете во сон?

namirnici-koi-sekogas-mozete-da-gi-konsumirate-pred-spienje-001.jpg

Многу е важно храната која се внесува пред спиење да биде лесна и да не го оптоварува организмот, за да може да се одмори и регенерира.

Следните 6 намирници можете да ги јадете во било кое време од денот, а особено пред спиење.

1. Цреши

Ова овошје е едно од ретките кои содржат мелатонин - хормон кој го регулира нашиот биолошки часовник. Во текот на ноќта нè тера на спиење, а недостатокот на мелатонин во текот на денот, доведува до состојба на „будност“. Поради ова, пред спиење слободно препуштете се на уживањето во црешите.

2. Мисиркино месо

Ја содржи аминокиселината триптофан, која е заслужна за честото заспивање пред телевизорот. Триптофанот генерално го поттикнува спиењето, па токму поради тоа мисиркиното месо е одличен избор за пред спиење. Уживајте во мисиркини прсти со зеленчук или во сендвич со мисиркино месо.

3. Јасмин ориз

Деликатесниот ориз со благ јаткаст вкус од тропските области, има висок гликемички индекс, што значи дека бавно се вари и поради тоа гликозата полека се ослободува во крвотокот. Според едно истражување, консумирањето на јасмин ориз пред спиење го преполовило времето кое им било потребно на испитаниците да заспијат.

4. Житарки со сложени јаглехидрати

Храната полна со прости јаглехидрати (разни бисквити и колачи) не е добар избор за пред спиење, но затоа пак, житарките со сложени јаглехидрати се вистински погодок. Киноата, јачменот и хељдата се само некои од житарките кои можете да ги консумирате, а одличен избор се и овесните снегулки со сложени јаглехидрати. Слободно комбинирајте ги со млеко, кое исто како мисиркиното месо, содржи триптофан и го подобрува спиењето.

5. Сладок компир

Слатките компири содржат сложени јаглехидрати кои го поттикнуваат сонот, калиум кој ги релаксира мускулите, имаат ниско ниво на калории и не содржат масти, поради што се одличен оброк за пред спиење.

6. Чај од валеријана

Не е тајна дека чајот од коренот на валеријаната ги смирува телото и умот, па поради тоа се препорачува да се консумира пред спиење. Одлично делува на желудникот и го смирува, ги опушта мускулите и помага при главоболки.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Кои (позитивни) промени ќе ги забележите ако јадете побавно? Ќе ослабите, но и ќе си ја подобрите дигестијата – зошто треба да почнете да јад...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg