12 грешки кои ги правите додека варите тестенини
Варењето на паста е уметност, па и вештина која мора добро да ја научите, ако сакате да бидете мајстор во нејзино приготвување.

На што треба да внимавате кога готвите тестенини и кои се најчестите грешки кои ги правите?
1. Не користите доволно голем сад за варење:
Ставајте доволно вода за пастата да може слободно да се движи без да излегува од водата и јасно да ја гледате.

2. Не ја посолувате водата:
Никогаш не пропуштајте да ставите сол во водата во која ги варите тестенините.

3. Не ја мешате пастата веднаш штом ќе ја ставите во вода:
Првите неколку минути од варењето се најважни при подготовката и тогаш морате постојано да мешате.

4. И не ја мешате доволно често додека се вари:
Не заборавајте да ја промешувате и потоа.

5. За сосовите не користите дел од водата во која тестенините се вареле
Водата дава одлична конзистенција на сосовите кои ги подготвувате.

6. Не проверувате доволно често дали е готова:
Кога варите паста, ставете си тајмер на 2 минути пред тоа што е пишано на пакувањето за да проверите истата да не е готова.

7. Не ја цедите веднаш штом ќе се свари:
Пастата треба да биде „al dente“, тоа значи дека треба да биде варена, ама не и преварена. Со цедење спречувате преварување и лепење.

8. Ставате вода додека ја цедите:
Освен ако не ја користите пастата за ладна салата, таа не треба да биде процедувана со вода.

9. Ја оставате да се олади во цедалката:
Ниту треба да дозволите целосно да се излади.

10. Не знаете кој тип на паста со кој сос се комбинира:
Краток водич кој тип на тестенини одговараат со различни сосови:

11. Кога готвите сè во еден сад - сите состојки ги ставате наеднаш:
Овој тип на готвење не е традиционален, ама заштедува време. Но, тоа не значи дека сите состојки треба наеднаш да ги ставите, некои бараат повеќе варење, а некои помалку. Готвењето треба да се одвива во фази.

12. Не внимавате какви типови на паста одбирате за готвење во еден сад:
Најдобро е да одбирате пократки и помали типови на тестенини за полесно мешање на состојките.

Уште неколку трикови во ова видео:
Н. Г. | Црнобело