Трикови од кујнските генијалци кои ќе ви го олеснат животот

7. Како да го вратите вкусот на оладените печени рецепти?

Наместо да ги загревате во микро, тоа направете го во тавче. На пример, пицата е многу повкусна ако ја топлите во тавче за пржење, на среден оган.

trikovi-od-kujnskite-genijalci-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-8.jpg

8. Како авокадото да не потемни?

Авокадото ќе остане подолго свежо и зелено доколку го испрскате со јаболков оцет и го чувате во сад со сечкан кромид.

trikovi-od-kujnskite-genijalci-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-9.jpg

9. Како да сечкате без да се исечете?

Ако острите ножеви постојано ви се лизгаат од раце, на рачката наредете неколку кујнски гумени ластичиња.

trikovi-od-kujnskite-genijalci-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-10.jpg

10. Како да го отстраните силниот мирис од храна од садовите?

Ако садот во кој чувавте риба или кромид не може целосно да го измиете и да го исчистите од мирисот, обидете се да го исплакнете со оцет. Може и неколку минути да го наполните со оцет, да отстои, па потоа да го измиете со сапуница.

trikovi-od-kujnskite-genijalci-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-11.jpg

11. Како талогот од кафето да остане во ѓезвето?

За да не го пресипете цел талог во шолјата, кога кафето ќе биде готово, ставете една лажичка ладна вода. Почекајте половина до една минута. Потоа внимателно пресипете го кафето во шолја. Ќе забележите дека голем процент од талогот ќе остане на дното на ѓезвето.

trikovi-od-kujnskite-genijalci-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-12.jpg

12. Како да направите крцкави компирчиња?

За пржените компирчиња да бидат крцкави, пред да ги пржите избришете ги со крпа или ставете ги во микробранова неколку секунди да се исушат. Потоа пржете стандардно.

trikovi-od-kujnskite-genijalci-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-13.jpg

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...

Најчитани неделава