Ориз, мед, сол: Храна која никогаш не се расипува

Речиси во секој кујнски орман ќе се најдат намирници кои долго време не сме ги користеле, па не сме сигурни дали треба да ги фрлиме или искористиме.

7-namirnici-od-kujnskiot-orman-koi-nikogash-ne-se-rasipuvaat-01.jpg

Одредени намирници немаат рок на траење, можат да го променат вкусот или изгледот, ама ако правилно ги чувате, нема да се расипат:

1. Шеќер

Без разлика дали е во прашање светол или темен шеќер, оваа слатка намирница никогаш не се расипува. Шеќерот е непријател на околните бактерии, ама треба да го чувате на суво и во добро затворен сад.

7-namirnici-od-kujnskiot-orman-koi-nikogash-ne-se-rasipuvaat-1.jpg

2. Мед

Медот може да се кристализира или да ја промени бојата, ама не се расипува. Чувајте го на ладно, а ако се кристализира и понатаму можете да го користите.

7-namirnici-od-kujnskiot-orman-koi-nikogash-ne-se-rasipuvaat-2.jpg

3. Скробно брашно

Ако не е изложено на влага, се чува на суво и ладно место, во херметички затворен сад, брашното нема да се расипе.

7-namirnici-od-kujnskiot-orman-koi-nikogash-ne-se-rasipuvaat3.jpg

4. Екстракт од ванила

Заради алкохолот кој го содржи, екстрактот од ванила нема рок на траење, туку со текот на времето созрева. Чистиот екстракт има поголем процент на алкохол и трае вечно.

7-namirnici-od-kujnskiot-orman-koi-nikogash-ne-se-rasipuvaat-4.jpg

5. Сол

Во најлош случај, солта може само да се стврдне, ама доколку ја чувате на суво солта не се расипува.

7-namirnici-od-kujnskiot-orman-koi-nikogash-ne-se-rasipuvaat-5.jpg

6. Ориз

Само ако не станува збор за кафеав ориз (кој е помасен и од тоа може да се расипе), оризот нема рок на траење. Секако, треба да го чувате на суво во херметички затворен сад.

7-namirnici-od-kujnskiot-orman-koi-nikogash-ne-se-rasipuvaat-6.jpg

7. Бел вински оцет

Заради големите количини на киселина кои служат како „конзерванс“, секој вид на оцет има прилично долг рок на траење, а белиот никогаш не се расипува.

7-namirnici-od-kujnskiot-orman-koi-nikogash-ne-se-rasipuvaat-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg