Храна која магично ги топи масните наслаги околу стомакот
Сечија летна цел е да го доведе стомакот до совршенство, да го израмни и обликува, а за среќа постои храна која ви помага во борбата со масните наслаги.

За вежбите да бидат бадијала, задолжително во исхраната вклучете ги овие плодови и продукти:
Овесна каша – одличен извор на минерали, антиоксиданси, хранливи влакна и витамини.

Бадеми – богати со квалитетни протеини, хранливи влакна, магнезиум и витамин Е.

Пармезан – содржи големи количини на калциум и полн е со протеини. Доволни се 20 грама пармезан дневно.

Шумско овошје – богати со антиоксиданси кои помагаат да се топат маснотиите побрзо.

Јајца – извор на протеини, витамини Д, Б6, Б12, селен, цинк, железо... Идеални за појадок.

Грав – богат со протеини и хранливи влакна, заради што заситува без таложење на масти.

Авокадо – веројатно најважната храна за рамен стомак. Богати се со витамин Ц, К, Б5, Б6, Е, фолна киселина и калиум.

Месо – белото месо е посебно препорачливо, особено мисиркиното.

Протеин во прав – кога се обидувате да ги намалите мастите, вашето тело може да биде исцрпено и да почувствувате недостаток на енергија. Затоа, протеините во прав се одличен додаток во исхраната.

Риба – богата е со здрави масти кои не се задржуваат околу стомакот.

Производи од цели зрна – наместо да се полните со јаглехидрати, обидете се со оваа поздрава алтернатива.

Зелен зеленчук – лиснатите зеленчуци содржат хранливи влакна и го прочистуваат дигестивниот тракт, поради што го спречуваат дуењето на стомакот.

Зелен чај – го забрзува метаболизмот и ги намалува наталожените масти.

Млеко – богато со калциум, млекото се покажало како уште еден пијалак кој успешно ги согорува мастите.

Путер од кикирики – помага за полесно варење на храната и го спречува прејадувањето.

Маслиново масло – додавањето на маслиново масло во храната, им помага на луѓето да изгубат околу 100 грама тежина и масти.

М. Д. | Црнобело