9 начини како да ги спасите уништените јадења


9 начини како да ги спасите уништените јадења

Дури и оние највештите во кујната знаат понекогаш да погрешат, но тоа не значи дека работите не можат да се поправат.

9-nacini-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-01.jpg

9 трикови за да го подобрите вкусот на јадењата кои се чини дека сте ги утнале:

Пресолена супа

Не додавајте вода, работите нема да излезат како што сакате. Или додадете несолен буљон или ако рецептот дозволува ставете ориз или тестенини.

9-nacini-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-1.jpg

Премногу лута храна

Да го ублажите лутенилото можете да додадете или шеќер или некаков млечен производ или лимонов сок.

9-nacini-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-2.jpg

Сушен црн дроб

Ако црниот дроб додека сте го печеле или пржеле, премногу сте го исушиле, додадете малку кисела павлака и варете го околу 15 до 20 минути.

9-nacini-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-3.jpg

Премногу течно пире

Ако пирето е премногу течно или додадете малку густин или варете го на тивко неколку минути.

9-nacini-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-4.jpg

Пудинг со грутки

Ако пудингот премногу брзо се зацврсти и се направија грутки само процедете ги.

9-nacini-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-5.jpg

Залепена торта

Ако тортата е залепена на тавата за печење без да ја оштетите или ставете студена крпа на неа или малку топла вода на долниот дел од тавата.

9-nacini-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-6.jpg

Претечна кремаста супа

Ако кремастата супа е премногу течна додадете или малку варен ориз или мешунки и пасирајте ги.

9-nacini-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-7.jpg

Изгорено дно на каша или други јадења

Ако храната гори, извадете го неизгорениот дел, ставете го во друг сад, додадете малку млеко и сол и готови сте.

9-nacini-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-8.jpg

Премногу течен сос

Додадете малку густин и продолжете да мешате додека не добиете соодветна густина или ставете го сосот во рерна и почекајте водата да испари.

9-nacini-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-9.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со телото, ако секој ден имате барем еден оброк со риба? Сите знаеме дека во исхраната треба да ни биде вклучена риба барем еднаш неделно...
Пресолената супа може да ја „спасите“ со компир - Кулинарски трикови коишто ќе посакате да сте ги зн... Овие брзи и досетливи трикови дефинитивно ќе го подобрат вашето искуство во кујн...
Невообичаени кулинарски трикови кои ќе ви се најдат во кујната Читајќи сè почесто се сретнуваме со разни совети како да си го олесниме животот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg