Важноста на млечните производи наспроти брзата и нездрава храна

Модерниот и брз начин на живот, динамичното секојдневие, стресот и недостигот на време станаа најчестите оправдувања и виновници број 1 за нашата физичка и здравствена состојба. Постојано сме во потрага по совршениот баланс за здрав начин на живот, но одново и одново не успеваме да ја пронајдеме вистинската формула. И си велиме, од следниот понеделник!

vaznosta-na-mlecnite-proizvodi-nasproti-brzata-i-nezdrava-hrana-01.jpg

Со денешниот интензитет и начин на живот, кога одвај успеваме да си најдеме време сами да си приготвиме храна, ја одбираме за нас поедноставната опција – брзата храна, која секогаш нè асоцира на добар и вкусен оброк. Но како да забораваме дека брзата храна не ги содржи потребните витамини и избалансирани состојки неопходни за нормално функционирање на нашиот организам. Таа не само што е штетна за нашето и за здравјето на нашите деца, туку последните истражувања велат дека на децата кои почесто јадат брза храна им се развива помал коефициент на интелигенција бидејќи таа директно влијае и на развојот на мозокот.

Кога станува збор за децата, кај нив е од исклучителна важност да се внесуваат и дополнителни витамини, па токму затоа се препорачуваат намирници кои се збогатени со потребните витамини. Добар пример е Битолското витаминско млеко кое содржи 10 витамини и наедно е првото македонско трајно млеко препорачано од Здружението на педијатри на Македонија.

Не е непознато дека исхраната на децата и адолесцентите е од огромно значење и за нивниот правилен психофизички раст и развој, и ако сакате вашето дете да биде силно и здраво, сметајте дека треба да јаде риба и пилешко месо, млеко и млечни производи и корисни маснотии.

Млеката богати со белковини, јаглехидрати и млечни киселини се неопходни за идеално избалансирани оброци на секоја возраст. На пример, една чаша Битолско млеко содржи протеини, калциум и витамини, а е добиено од најквалитетно млеко од специјално избрани фарми. Неговото богатство од споменатите хранливи состојки претставува дневна доза здравје за сечиј организам.

vaznosta-na-mlecnite-proizvodi-nasproti-brzata-i-nezdrava-hrana-03.jpg

Особено е важно и адекватно да се внесува  и калциум, фосфор и железо, затоа што од нив ќе зависи изградбата на правилниот и здрав коскен систем и нема да се појавува анемија, која станува сè почеста во денешно време. Коските се развиваат и се засилуваат до 30-тата година, а тинејџерската возраст е најважна за развивањето. Така, витаминот Де, калциумот и фосфорот се најважни за нивното развивање и тинејџерите треба да внесат од 800 до 1.000 милиграми калциум дневно. Најбогатите извори за внесување калциум и фосфор кои постојат во природата се токму млекото и млечните производи, па сосема е доволно да се испие половина литар млеко за да се задоволи потребното дневно количество.

Во таа насока, и свежото млеко повторно станува хит во светот кој сè повеќе се применува и во Македонија. Светските трендови се во корист на консумацијата на свежо млеко заради неговата хранливост, што го потврдуваат и најновите научни истражувања кои откриваат дека свежото млеко овозможува многу здравствени бенефити. Имено, експертите велат дека свежото млеко е богато со неколку есенцијални хранливи материи, како калциум, фосфор, протеини, јаглени хидрати и витамини А, Бе и Де, а Битолското свежо млеко е вистински одговор за потребниот внес од овие состојки. Тоа е и термички обработено со пастеризација, со што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми. На овој начин млекото целосно ја задржува биолошката и хранливата вредност, па затоа е препорачано од голем број научници и врвни светски нутриционисти.

Еден од најчестите проблеми кои се јавуваат при зголемено внесување брза и нездрава храна е, секако, и зголемената тежина. Кога зборуваме за овој проблем и за избалансирана исхрана, никако не треба да се изостават и јогуртите, како белите, така и функционалните јогурти. Покрај големиот број нутритивни предности, во добра комбинација тие може да претставуваат и замена за оброк што, секако, влијае на витката линија.

На крајот, согледуваме дека на нашето тело и здравје треба да им го посветиме неопходното внимание кое го заслужуваат. Пиците, хамбургерите, помфритот и сл. се можеби едноставна опција за деновите кога навистина немаме време, но тоа треба да се повеќе исклучоци отколку правила. Така, дури и кога времето не ни дозволува да приготвиме домашна храна, можеме потребното количество јаглехидрати, масти, протеини и витамини барем да го компензираме со доволен внес на квалитетно млеко и млечни производи.

vaznosta-na-mlecnite-proizvodi-nasproti-brzata-i-nezdrava-hrana-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава