Зошто лубеницата не треба да ја чувате во фрижидер?

Неодамнешно истражување покажа дека сите ние кои обожаваме ладна лубеница директно од фрижидер, правиме голема грешка.

zosto-lubencata-ne-treba-da-ja-cuvate-vo-frizider-001.jpg

Како што се наведува, лубеницата треба да се чува на собна температура, за да ги задржи сите хранливи состојки кои ги има. Кога е ладна, ги губи повеќето витамини и хранливи материи.

Уште една работа која е откриена е дека лубеницата продолжува да произведува витамини и хранливи материи и откако е набрана, но повторно – само ако е на собна температура.

Кога ќе ја ставиме во фрижидер, тој процес значително се намалува.

Во склопот на истражувањето, неколку лубеници биле оставени на 21, 12 и 5 степени и се испоставило дека оние кои се чувани на 21 степен, имаат 40% повеќе ликопен и од 50 до 139% повеќе бета каротен.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава