Продукти кои никогаш не се наоѓаат на менито на кралицата Елизабета
Дарен МекГрејди е готвачот кој има 15 годишно искуство во кралската кујна и благодарение на тоа го има издадено бестселерот „ Eat Royally“.

Па, му веруваме кога тврди дека кралицата Елизабета никогаш не ги јаде следниве 9 работи:
1. Тестенини
Кралицата се обидува да избегне јаглехидрати, па затоа преферира порција салата, наместо паста во сос.

2. Компири
Компирот не е прилог на ниту едно јадење кое се служи во палатата.

3. Крваво недопечено месо
За да се заштитат од бактерии и труења, кралицата не дозволува во палатата да се служи делумно зготвено месо.

4. Бели јајца
Кралицата Елизабета е убедена во тоа дека кафеавите јајца се поздрави од белите.

5. Лук и кромид
Сосема очекувано, по ручекот во Бакингемската палата не би требало да излезете со мирис на кромид и лук.

6. Леб со корка
Кралицата сака мек леб, без корка.

7. Храна која не е сезонска
Кралицата очигледно внимава и на генетски модифицираните плодови кои се продаваат кога не им е сезона.

8. Банана со лушпа
Бананите се дел од многу десерти, но никогаш не се служат со лушпа, туку секогаш излупени и исечкани на мали парчиња.

9. Чај со шеќер
Никогаш, апсолутно никогаш, кралицата не додава нездрави шеќери во чајот.

М. Д. | Црнобело