Тајни на одлично зготвената храна, коишто ги знаат само најдобрите готвачи

Сите ќе се сложиме дека готвењето е уметност. За да се декларираме себеси како добри готвачи,  не е потребно да се има само талент, туку и добра обука.

19-tajni-na-odlicno-zgotvenata-hrana-01.jpg

Покрај ова, како и кај секоја друга уметност, и готвењето си има и свои тајни коишто генерации на готвачи ги пренесуваат еден на друг.

Прочитајте нешто повеќе за малку познати техники коишто ќе ги направат вашите јадења не само повкусни, туку и доволно добри за многу од познатите светски ресторани:

- Ги сакате лутите пиперки, но се плашите од нивниот силно пикантен вкус? Само отстранете ги семките и жилата на којашто стојат семките, а потоа измијте ги со ладна вода. Аромата ќе остане, а силната лутина ќе ја нема.

19-tajni-na-odlicno-zgotvenata-hrana (7).jpg

- За да зготвите компири со крцкава кора без да ги пржите во масло, попрскајте ги со брашно, промешајте ги и ставете ги да се печат.

- За да направите десерт со помалку масен крем, односно помалку калории, заменете го кремот со ¾ матени белки.

- Не знаете дали да ги варите зеленчуците во ладна или во зовриена вода? Едноставно е, она што расте под земја се вари во ладна вода, а она што расте над земја во зовриена вода.

19-tajni-na-odlicno-zgotvenata-hrana (6).jpg

- За да се осигурате дека доволно сте ги изматиле белките, свртете го садот во кој сте ги мателе наопаку. Ако се добро изматени нема да се лизнат од садот.

- Обидете се да го готвите цвеклото во фолија, наместо да го варите. Така подобро ќе го задржите вкусот, бојата и се разбира витамините.

- Ако сакате да исечете кромид на коцки тогаш следете го овој редослед: исечете го кромидот на половина, потоа отсечете во врвот, направете неколку хоризонтални засекувања, а потоа неколку засеци по должината – бројот на засеци зависи од тоа колкава големина на коцките ви е потребна, а на крајот само исечете попреку.

19-tajni-na-odlicno-zgotvenata-hrana (5).jpg

- Секогаш ставајте го преливот на салатата откако претходно ќе ја посолите. Маслото во дресингот нема да ѝ дозволи на солта да се раствори целосно доколку солта ја ставите на крај, па така може да се случи да ја пресолите салатата.

- Еден од најважните трикови што ќе го спречат лепењето на тестенините е да употребите колку што е можно повеќе вода во нивното варење. Ставете барем 1 литар вода на секои 100 грама тестенини и ќе имате совршено сварени тестенини.

- Тајната на совршеното тесто за слатки е едноставна: Тежината на брашното треба да биде иста со тежината на шеќерот, а тежината на јајцата иста со тежината на путерот.

tajni-na-odlicno-zgotvenata-hrana-koisto-gi-znaat-samo-najdobrite-gotvaci-2-2-2-.jpg

- За да направите пире од компири, додадете сода бикарбона на врвот на ножот заедно со млекото и мешајте со виљушка 2-3 минути.

- Има неколку начини за да исцедите повеќе сок од лимонот: ставете го во топла вода, загрејте го во микробранова 15-20 секунди, протркалајте го на работната површина неколку пати стискајќи го одозгора со дланката.

19-tajni-na-odlicno-zgotvenata-hrana (3).jpg

- За да проверите дали маслото е доволно загреано за пржење, спуштете ја дрвената лажица во тенџерето. Ако се формираат меурчиња околу неа, можете да почнете со готвењето.

- За да направите вкусен и зрнест ориз, пред да го зовриете со вода прво пропржете го во тавичка со малку зејтин. За да му дадете убава арома на оризот, додадете едно чешне лук во водата додека се готви, а потоа на крајот извадете го.

- Никогаш не додавајте масло во водата каде што се готват тестенините доколку сакате да ги сервирате со сос. Маслото ќе го спречи сосот да навлезе во тестенините и тие нема да го добијат убавиот вкус од него.

- Сакате ли да го исечете доматот на парчиња, а да не истече целиот сок од него? Сечете само по вдлабнатините на површината на доматот. Таму е преградата помеѓу семките и така нема да ви истече течноста околку семките.

19-tajni-na-odlicno-zgotvenata-hrana (2).jpg

- Општо познато е дека за да го исукаме тесто за пита, треба да ја посипеме работната површина со брашно.

- Доколку сукате тесто за блага пита, заменете го брашното со малку какао во прав. Ова нема да му влијае на вкусот на тестото, туку само ќе му додаде млака суптилна арома.

- За да направите вкусни ќофтиња, прво малку пропржете го кромидот во путер или масло, а потоа замешајте го со меленото месо.

- Ова не само што ќе ја нагласи аромата на кромидот, туку и ќе го подобри вкусот на ќофтињата и ќе ги направи помеки, а и ќе се осигурате дека нема да најдете парчиња суров кромид во испржените ќофтиња.

- Секој готвач има своја тајна за соврено подготвен стек, но сите тајни се сведуваат на едно: тавата мора да биде толку добро загреана, што ќе чади.

19-tajni-na-odlicno-zgotvenata-hrana (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
8 чести кулинарски грешки што сите самоуверени домаќинки ги прават (а не треба) Јајцето го кршите од работ на садот, па внатре ви паѓаат лушпи, не пробувате дал...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg