Како брзото јадење му штети на вашиот организам?

Недоволното џвакање и голтање големи парчиња храна ќе ве подуе и ќе направи да се чувствувате безенергично.

kako-jadenjeto-prebrzo-mu-shteti-na-vashiot-organizam-01.jpg

Голем дел од луѓето се соочуваат со проблемот на јадење пребрзо. Гладни сте и дури и не ја џвакате храната од итноста да го задоволите гладот.

Помислете само колку пати на работа го завршивте оброкот за помалку од 10 минути? Ако одговорот е многу, тогаш време е да го промените животниот стил.

kako-jadenjeto-prebrzo-mu-shteti-na-vashiot-organizam-05.jpg

Постојат низа негативни работи што му се случуваат на вашето тело кога јадете пребрзо:

Метаболички синдром

Истражувачи од Јапонија ја открија врската помеѓу брзината на јадењето и метаболичкиот синдром, кој е познат како тивок убиец. Тој носи покачен крвен притисок, високо ниво на шеќер во крвта, складирање на масти во телото, особено околу струкот, високи нивоа на холестерол, зголемена шанса за инфаркт, мозочен удар и дијабетес.

Истражувањето направено на Универзитетот во Хирошима покажа дека луѓето што јадат брзо имаат двојно поголема шанса да развијат метаболички синдром.

kako-jadenjeto-prebrzo-mu-shteti-na-vashiot-organizam-02.jpg

Дебелина

Шансите да имате прекумерна тежина ако јадете пребрзо се за 184% поголеми. Истражувањето објавено во магазинот British Journal of Medicine направено на 3.287 возрасни луѓе покажа дека 45.6% од мажите и 36.3% од жените јадат пребрзо.

Друго истражување објавено во магазинот American Journal of Clinical Nutrition откри дека луѓето што јадат побавно внесуваат 12% помалку калории од оние што јадат брзо. Бавното и убаво џвакање наспроти само голтањето, прави огромна разлика во варењето на храната.

Колку подолго џвакате, толку е помала веројатноста дека ќе се соочите со дебелина.

kako-jadenjeto-prebrzo-mu-shteti-na-vashiot-organizam-03.jpg

Совети како да забавите со јадењето:

- Седнете на маса и јадете смирено во мирна околина.

- Избегнете работи кои ви го одвлекуваат вниманието за време на јадењето.

- Консумирајте храна со висока содржина на влакна, бидејќи тие бараат повеќе џвакање.

- Сервирајте ја храната во помали порции.

- Додека јадете размислувајте дека мора да го забавите темпото.

Придобивка од јадењето побавно е што имате шанса да сфатите колку всушност сте најадени, информацијата има време да стигне до вашиот мозок и вие нема да се прејадете како кога јадете пребрзо.

kako-jadenjeto-prebrzo-mu-shteti-na-vashiot-organizam-04.jpg

Сигнали дека јадете пребрзо:

- Подждригнувате многу пати по јадењето. Подждригнувањето е начин на кој телото се ослободува од екстра воздухот во телото, кој сте го внеле како резултат на пребрзото јадење.

- Ако се најадете пребрзо ќе бидете подуени од храна и воздух и ќе имате непријатно чувство во стомакот, кој ќе ви биде надуен како балон. Масата треба да ја напуштите малку гладни.

- Ако јадете пребрзо, внесувате поголеми неизџвакани парчиња храна во дигестивниот тракт и резултат е враќање на стомачна киселина нагоре.

- Пребрзото јадење може да направи да се чувствувате уморно и да сте бавни.

- Чувство на печење кај градите се јавува кога не ја џвакаме храната доволно и само ја голтаме. Ова може да е предизвикано од разбрануваните стомачни киселини.

kako-jadenjeto-prebrzo-mu-shteti-na-vashiot-organizam-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg