Нарачувајте први во ресторан: Трикови за полесно менување на навиките во исхраната

На многу од нас ни се промени во навиките и начинот на исхрана, но мора да признаеме дека е многу тешко да се почне првиот чекор.

trikovi-za-polesno-menuvanje-na-navikite-vo-ishranata-01.jpg

Секогаш го одложуваме за следниот понеделник и никако да се натераме да го направиме тоа.

Но, психолозите советуваат, за да ни биде полесно, да го правиме тоа постепено и да го поделиме процесот на делови.

Неколку трикови за да успеете во тоа:

Нарачувајте први

Кога сте излезени заедно со пријатели на ручек, многу е тешко да нарачате салата ако сите пред вас нарачаат бургери, пици и друга вкусна, но нездрава храна.

Затоа, нарачувајте секогаш први. Така, или и тие по вас ќе нарачаат здрав оброк или ќе ви биде непријатно да се предомислите, па ќе си останете со салата или друга храна која не влијае лошо.

trikovi-za-polesno-menuvanje-na-navikite-vo-ishranata-02.jpg

Помалку сол, повеќе зачини

Освен што солта не е здрава во големи количини, понекогаш знае дури и да и даде лош вкус на храната ако во неа има само сол (многу).

Затоа, секогаш комбинирајте повеќе различни зачини, суви билки и ќе добиете многу поубав вкус, а некои од нив одлично влијаат на организмот и метаболизмот.

trikovi-za-polesno-menuvanje-na-navikite-vo-ishranata-03.jpg

Барајте го сосот одвоено

Готовите сосови во рестораните не секогаш се добри и често содржат големи количини на шеќери, сол, засладувачи и други работи кои не се погодни за здрава исхрана.

Затоа секогаш барајте сосот да ви го донесат посебно, па ако одлучите да го ставите во јадењето, ставете помала количина.

trikovi-za-polesno-menuvanje-na-navikite-vo-ishranata-04.jpg

Почнете со зеленчук

Зеленчукот се вари побрзо, плус ќе се чувствувате заситено после поголема порција и нема да имате потреба од големи количини со другата храна.

trikovi-za-polesno-menuvanje-na-navikite-vo-ishranata-05.jpg

Не се прекинувајте додека јадете

Многу често, додека јадеме и гледаме телевизија или седиме на телефон, не погледнуваме во чинијата и се случува да изедеме повеќе од планираното.

Плус, јадеме механички и не го ни чувствуваме вкусот на храната.

trikovi-za-polesno-menuvanje-na-navikite-vo-ishranata-06.jpg

Користете го правилото на 20 минути

Не јадете и не пијте ништо 20 минути после главниот оброк, бидејќи така ќе го забавите процесот на варење, а и гладот во првите 20 минути не е вистински. Ако после тие 20 минути сте гладни, време е за десерт или чај.

trikovi-za-polesno-menuvanje-na-navikite-vo-ishranata-07.jpg

Купувајте здрави намирници

Секогаш купувајте однапред повеќе здрави намирници и не дозволувајте да снемате од нив, бидејќи така може да паднете во искушение, да нарачате брза храна и сл.

trikovi-za-polesno-menuvanje-na-navikite-vo-ishranata-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Корисни трикови за „од око“ да ги изберете најсвежите производи на пазар Изберете помали модри домати, а доматите бирајте ги според намената: долгнавести...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg