Како правилно да ја чувате храната за да не ви се расипува брзо?

Сигурно ви се случило да сфатите дека некогаш купувате големи количини на храна кои не можат долго да издржат без да се расипат.

trikovi-za-onie-na-koi-im-e-smacheno-da-frlaat-rasipana-hrana-01.jpg

Ако ви е преку глава од неиспланираната количина на храна која се купува во домаќинството и вишокот кој се расипува и фрла, има решение и за вас.

Најважен е начинот на кој се чуваат намирниците во кујната, бидејќи постојат неколку трикови со кои тие ќе траат подолго без да се расипат.

Погледнете некои од најефективните начини за складирање со кои ќе го намалите фрлањето расипана храна:

Направете си сами вакуум кеса

За да не се фаќа мраз на месото кога го замрзнувате, ставете го во кеса за сендвич без да го затворите крајот и нежно спуштете ја во вода.

Потоа затворете ја целосно кесата и ставете ја во замрзнувач.

Не го чувајте лебот во фрижидер

Ако сакате лебот подолго да ви трае, не го ставајте во фрижидер бидејќи така побрзо се суши.

Наместо тоа исечете го на парчиња и ставете го во пластични кеси, а потоа оставете го во замрзнувач.

Така нема да се исуши кога ќе се одмрзне и ќе стои многу подолго.

А, за лебот да стои подолго на собна температура, ставете парче целер во кесата и затворете го убаво.

trikovi-za-onie-na-koi-im-e-smacheno-da-frlaat-rasipana-hrana-02.jpg

Замотајте го зелениот зеленчук во крпа

Ако сакате зеленчукот да ви стои подолго, пред да го ставите во фрижидер, замотајте го во кујнска крпа која ќе ја собира влагата која е причина за скапување.

Или пак, ако ви е исечкана салатата, ставете ја во сад и покријте ја одозгора со крпа пред да ја ставите во фрижидер и да ја послужите.

trikovi-za-onie-na-koi-im-e-smacheno-da-frlaat-rasipana-hrana-03.jpg

Не ги чувајте јајцата на вратата од фрижидерот

На вратите од фрижидерот има посебни отвори за јајцата, но сепак тоа не е добар начин на чување за долгорочен план.

Вратата е топла зона, плус тој дел е изложен на постојано менување на температурата заради отворањето и затворањето на вратата.

Затоа чувајте ги јајцата во кутиите со кои ги купувате и ставете ги подлабоко во внатрешноста на фрижидерот.

trikovi-za-onie-na-koi-im-e-smacheno-da-frlaat-rasipana-hrana-04.jpg

Уште 4 трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Храна со навидум неограничен рок на траење на која ѝ се менува вкусот ако ја чувате многу долго Ни се чини дека конзервираниот зеленчук може да трае вечно ако не е отворен. Ова...
Кулинарски трикови од земјите од Блискиот Исток со кои ќе станете експерт во кујна Можете да направите вид туршија од лимони, супата од јогурт е вистински специјал...
Лиснатите печива и грицките на работа ги заменив со здрав оброк готов за минута – како ми успеа? Важам за голем гурман и љубител на разновидна храна, а секогаш сум се водела по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg