Како правилно да ја чувате храната за да не ви се расипува брзо?

Аспарагусот и билките чувајте ги како букет наместо во кеса

Аспарагусот и другите билки како магдонос или нане најдобро е да се чуваат во сад со малку вода.

Не ги мијте пред да ги ставите во фрижидер, туку пред да ги искористите за готвење.

trikovi-za-onie-na-koi-im-e-smacheno-da-frlaat-rasipana-hrana-05.jpg

Пред да ги ставите свежите јагоди во фрижидер, ставете ги во вода со оцет

Оцетот лесно ќе ги отстрани штетните микроби и мувлата. Исплакнете ги јагодите со вода, а потоа измешајте оцет со вода во сооднос 1:10 и оставете ги кратко да отстојат.

Потоа исплакнете ги повторно со вода и оставете да се исушат.

trikovi-za-onie-na-koi-im-e-smacheno-da-frlaat-rasipana-hrana-06.jpg

Не ги чувајте печурките во пластични кеси

Во пластични кеси, печурките многу побрзо се расипуваат од влагата, а хартиените кеси го собираат вишокот влага, па така е најдобро да ги чувате за да останат свежи.

Сепак, не може предолго да останат свежи, па не ги чувајте предолго пред да ги подготвите.

trikovi-za-onie-na-koi-im-e-smacheno-da-frlaat-rasipana-hrana-07.jpg

За да не се исушат колачињата, ставете јаболко во нив

Интересен начин да ги заштитите колачињата од сушење е да ставите парче јаболко во садот во кој ги чувате и тие ќе останат меки подолго.

Ако мислите дека од јаболкото колачињата стануваат превлажни, тргнете го и ставете парче леб што ќе ја апсорбира влагата.  

trikovi-za-onie-na-koi-im-e-smacheno-da-frlaat-rasipana-hrana-08.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава