Солените мафини на Fantasia се новиот хит меѓу македонските кулинарски блогерки

Смеса за солени мафини – производот што ги воодушеви вештите и помалку вештите домаќинки...

solenite-mafini-na-fantasia-se-noviot-hit-megju-makedonskite-kulinarski-blogerki-01.jpg

Сузана Марјановиќ е горда кулинарка која стои зад блогот Бибер и Ванила и редовно им се посветува на оние рецепти што се навистина изводливи, се прават со достапни намирници и не бараат вештини на италијански шеф на кујна за нивна подготовка.

Во последниот блог пост, таа го опишува нејзиното прво пробување на смесата за солени мафини од брендот Fantasia – неодамна промовирани на македонскиот пазар како нов бренд на “Макпрогрес.“

„Ги открив солените мафини на Fantasia на промоција во супермаркет. Искрено, првото нешто што ме привлече беше цената – што е многу поволна, а и самата промоција, затоа што работам во маркетинг и едноставно професионална деформација ми е да ги забележувам овие работи и да оценувам како се изведени.

Можете да замислите колку ми се допадна целата идеја за мафините и подароците што ги добив на промоцијата, штом оттаму си заминав со 6 пакувања мафини. А како супер-горда кулинарка и домаќинка воопшто не се задоволувам лесно во поглед на критериумите за јадење и досега мислев дека ако не го замесиш и испечеш сам, не е тоа - тоа. Но, не е така. Не мора жената да помине 7 часа во кујна за да има месени, домашни и вкусни јадења во домот.

Смесата за подготовка на мафините е истата што би си ја направила и сама по рецепт, сите состојки се природни и квалитетни, а разликата е единствено во тоа што се уредно спакувани и дозирани така што речиси и да не постои можност да направите “утка” во печењето или хаос во кујната. Кога сум правела мафини по рецепт, често се случува смесата да ја направам посува, додавајќи повеќе брашно од немарност или пак да ги презачинам. Со пакуваната смеса за солени мафини од Fantasia тоа не е можно. Само во еден длабок сад, ја истурате смесата, додавате јајца и масло, матите, истурате во калап и директно во рерна.  

solenite-mafini-na-fantasia-se-noviot-hit-megju-makedonskite-kulinarski-blogerki-2-02.jpg

И луѓе, колку се вкусни... И не се суви, сите тоа прво ме прашуваат. Совршени се. Плус, јас понекогаш си додавам состојки по мој вкус, сецкани маслинки, салама... мафиниве со сé одговараат. Па така можам да продолжам да се фалам дека се мое дело. Во последната тура што ја правев за роденденот на маж ми, додадов парчиња сланина и им изрендав кашкавал одозгора -  мафините станаа поголеми ѕвезди од мојата славна руска салата.

Инаку, посебно ми се допаѓа тоа што и син ми почна сам да си ги подготвува, а баш сега е во фаза кога станува свесен дека брзо ќе се осамостои и ќе треба да поднаучи нешто од домаќинството.

А да, морам да го пофалам и куглофот на Fantasia – превкусен e. Ја купив и смесата за американски палачинки, но таа смеса сéуште ја немам пробано.  Едвај чекам!

Производиве се права „фантазија”. Најтопло ви ги препорачувам, пробајте и сами.“

solenite-mafini-na-fantasia-se-noviot-hit-megju-makedonskite-kulinarski-blogerki-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...

Најчитани неделава