Како да се храните кога надвор е „пекол“ жешко?

Кога надвор температурите ќе се искачат на 30-тиот степен, сите се облекуваме полесно, ја минимизираме количината на шминка и го зголемуваме внесот на вода во телото. Но, дали е доволно?

kako-da-se-hranite-koga-nadvor-e-pekol-zesko-001.jpg

Нутриционистите велат дека за да се чувствувате полесно кога надвор е пеколно жешко, треба да воведете мали промени во секојдневните навики поврзани со храната и пијалаците.

Па, ако мислевте дека треба да се разладите со еден куп мраз во чашата – грешите.

Како да се храните кога е неподносливо топло?

1. Калориите внесувајте ги на почетокот од денот

Во лето, добро е оброците да ви почнуваат од малку порано. Пример, појадувајте околу 7-8 часот, за ручекот да ви дојде пред пладне. Тогаш може да внесете покалоричен и хранлив оброк без да ви биде тешко, а ќе добиете повеќе енергија. Оброците по 12 часот нека бидат мали и лесни.

kako-da-se-hranite-koga-nadvor-e-pekol-zesko-01.jpg

2. Оладете го телото со топли пијалаци

Оксиморон кој е делотворен во топлите денови. Испробајте топол зелен или црн чај, наместо ладно кафе. Ќе забележите како ќе се потите многу помалку.

kako-da-se-hranite-koga-nadvor-e-pekol-zesko-02.jpg

3. Јадете компири, сусам, банани...

Важно е да внесувате храна која е богата со калиум, како на пример банани, компири, зелен лиснат зеленчук, сусам... Калиумот ја олеснува работата на срцето и крвните садови, кои работат со полна пареа кога е топло.

kako-da-se-hranite-koga-nadvor-e-pekol-zesko-03.jpg

4. Месото заменете го со кефир и јогурт

Месото ни го забрзува метаболизмот за цели 40%. Кога е студено, тоа е одлично за да се загреете, но во топлите денови последицата е зголемено потење и генерална слабост и летаргија. Па, во топлите денови месото заменете го со ферментирани млечни производи.

kako-da-se-hranite-koga-nadvor-e-pekol-zesko-04.jpg

5. Не претерувајте со мразот и сладоледот

Наглото спуштање на температурата на телото преку ладни десерти и пијалаци не може да ви донесе ништо добро и корисно. Сладоледот е тежок за варење, додека ледено ладната вода може да го ослабе имунитетот.

kako-da-se-hranite-koga-nadvor-e-pekol-zesko-05.jpg

6. Избегнувајте храна богата со јод и разни стимуланси

Во лето, никој не препорачува храна богата со јод, вклучувајќи ги и големите количини на сол при готвење. Јодот го забавува разложувањето на храната и нејзиното варење, па како резултат на тоа може да чувствувате потешкотии во стомакот. Исто така, избегнувајте било какви стимуланси кои сметате дека ќе ви ја зголемат енергијата (на пример, кафе) а имаат само моментално дејство.

kako-da-se-hranite-koga-nadvor-e-pekol-zesko-06.jpg

7. Ставете лимон или сол во водата

Дневната количина на вода која ја внесувате во телото треба да изнесува околу 30ml на 1kg. Според тежината, математиката направете ја сами. Но, тоа не значи дека треба да внесувате било какви течности.

Важно е да знаете квалитетно да пиете вода, односно во неа може да додадете малку лимон или неколку зрна сол. На овој начин ќе го намалите нејзиното испарување, односно потењето.

kako-da-se-hranite-koga-nadvor-e-pekol-zesko-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава