Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пет најголеми заблуди за вегетаријанската исхрана

Луѓето денес сакаат да си го пикаат носот секаде и да им судат на оние кои не избираат како нив, па дури и на оние кои се хранат поинаку.

pet-najgolemi-zabludi-za-vegetarijanskata-ishrana-01.jpg

Исхраната е право на избор на секој човек и тоа не треба да биде причина некому да судиме или да го обвинуваме дека не прави добро за себе. Во време кога многу повеќе луѓе се решаваат на вегетаријанска или веганска исхрана, уште толку повеќе приговараат на нивниот избор.

Голем број традиционалните трпези на многу народи се незамисливи без месо и кога некој ќе реши да го исфрли од својата исхрана, најчесто наидува на следниве констатации:

Вегетаријанците не добиваат доволно белковини

Наместо месо, во својата исхрана тие имаат поголеми количини житарици, зеленчук и мешунки. Постојат доволно намирници за да се подготви избалансиран вегетаријански оброк, а со оглед на тоа што е исклучено само месото, доволно протеини се добиваат и од млекото и јајцата.

pet-najgolemi-zabludi-za-vegetarijanskata-ishrana-02.jpg

Во вегетаријанската храна нема калциум

Многу често, неупатените луѓе мислат дека вегетаријанец и веган е исто. Но, не е така. Вегетаријанците во својата исхрана имаат и млечни производи, а калциум може да се најде и во јатките, мешунките, сушеното овошје и листестиот зелен зеленчук.

Вегетаријанците немаат избалансирана исхрана

Житариците, мешунките, листестиот зеленчук и овошјето се доволни за да се искомбинира еден избалансиран оброк. Од друга страна, постојат многу медицински наводи дека црвеното месо го зголемува ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, остеопороза и други болести.

pet-najgolemi-zabludi-za-vegetarijanskata-ishrana-03.jpg

Човечкото тело е предодредено да јаде месо

Иако во текот на еволуцијата сме станале сештојади, нашите далечни предци, човеколиките мајмуни, биле вегетаријанци. Нашата уста и вилица се премали за да откинуваме големи парчиња месо, па затоа го готвиме, го ситниме и го јадеме во помали залаци.

Вегетаријанството не е за деца

Иако е препорачливо децата да ги имаат сите хранливи намирници во своето дневно мени, всушност нема конкретни докази кои би покажале дека вегетаријанството би им наштетило на каков било начин.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
Дали алкалната исхрана ја намалува киселоста на телото и спречува болести (или е само мит)? Според таканаречената алкална диета, треба да избегнувате храна за која се верув...
Грешки во готвењето поради кои не ви успева ниту еден рецепт Многу долго го готвите зеленчукот и им ставате масло на печурките уште на почето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg