Компирите ги лупите, доматите ги јадете свежи: Грешки кои ги правите при секојдневната исхрана

Во последно време, сè почесто може да се забележи зголемена тежина кај младите, па дури и кај децата.

zdrava-hrana-koja-cel-zhivot-ja-jadete-pogreshno-01.jpg

Сепак, покрај оние кои не внимаваат воопшто на исхраната и здравиот животен стил, има и такви кои посебно се грижат на ова поле.

Но, и помеѓу оние кои се обидуваат здраво да се хранат, постојат многу такви кои иако внесуваат здрави намирници, ги јадат на погрешен начин.

Дали погрешно ги комбинираат, ги јадат во погрешно време од денот или несоодветно ги приготвуваат, ретко кој знае дека прави грешка цел живот.

Погледнете која храна и зошто цел живот погрешно ја јадете, а не сте единствени:

Месо

Причина: Протеинот кој се консумира навечер ги преоптоварува функциите на дигестивниот систем и води до немирен сон.

zdrava-hrana-koja-cel-zhivot-ja-jadete-pogreshno-02.jpg

Млад компир

Причина: Најздравиот дел на компирот е калциумот, железото, фосфорот и витаминот Ц, кои најмногу се состојат во лушпата. Но, во случај лушпата да е зеленикава, подобро отстранете ја.

zdrava-hrana-koja-cel-zhivot-ja-jadete-pogreshno-03.jpg

Морков

Причина: Варените моркови имаат повеќе бета каротен и лутеин кои се добри за очите и за кожата. Варењето помага телото да ги апсорбира 5 пати подобро од кога се свежи.

zdrava-hrana-koja-cel-zhivot-ja-jadete-pogreshno-04.jpg

Модри домати

Причина: Концентрацијата на калциум се зголемува за време на печењето, а количината на нитрати се намалува.

zdrava-hrana-koja-cel-zhivot-ja-jadete-pogreshno-05.jpg

Ориз

Причина: Оризот содржи многу јаглехидрати кои се извор на калории, па кога го јадете преку ден оризот му давате повеќе време на телото да ги согори.

zdrava-hrana-koja-cel-zhivot-ja-jadete-pogreshno-06.jpg

Зелка

Причина: Каротенот и антиоксидансите од зелката се губат кога таа се вари, но кога е ферментирана, количината на витамин Ц се зголемува и се формира млечна киселина која помага за побрзо варење на протеините во телото.

zdrava-hrana-koja-cel-zhivot-ja-jadete-pogreshno-07.jpg

Домати

Причина: Иако при подготвувањето на пареа се губи малку витамин Ц од доматите, сепак се зголемува количината на ликопен, што е многу силен антиоксиданс и помага за кардиоваскуларни, онколошки и воспалителни заболувања.

zdrava-hrana-koja-cel-zhivot-ja-jadete-pogreshno-08.jpg

Тиква

Причина: Лушпата има многу повеќе минерални елементи и витамин Ц.

zdrava-hrana-koja-cel-zhivot-ja-jadete-pogreshno-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава