Нездрави намирници кои нема потреба да ги исклучите од исхраната

Иако никој не би ги сместил сланината, колачите и белиот леб во групата здрави намирници, тоа не мора да значи и дека треба да ги исфрлите целосно од исхраната.

nezdravi-namirnici-koi-nema-potreba-da-gi-iskluchite-od-ishranata-01.jpg

Дали некоја намирница е здрава зависи и од начинот на кој е подготвена, како и од количината која сте ја изеле. На пример, помфритот е полн со сол и маснотии, но варениот компир е одлична основа за здрава салата.

Прочитајте зошто не треба да ги исфрлите целосно овие производи од вашата исхрана:

Сланина

Сланината е вкусна и навистина не е здрава доколку ја јадете секој ден во големи количини. Но, затоа е одличен додаток во чорби и готвени јадења, бидејќи е доволна во многу мала количина, за да даде подобар вкус на храната.

nezdravi-namirnici-koi-nema-potreba-da-gi-iskluchite-od-ishranata-02.jpg

Роденденски торти

Денешните роденденски торти освен самата торта, врз нив имаат и декорации од фондан, кои се подеднакво вкусни. Секако, бројот на калории е огромен, но сепак, не сте секој ден на роденден, а и едно парче ќе ве направи позадоволни, наместо да си одите со мисла за тортата.

nezdravi-namirnici-koi-nema-potreba-da-gi-iskluchite-od-ishranata-03.jpg

Јајца

Нив ги следи митот дека се полни со калории и холестерол, но она на што забораваме е дека сето тоа е идеално избалансирано со другите хранливи состојки. Сепак, од јајцето се развива живот и во него ги има сите потребни услови за тоа. Наместо да подготвувате омлет со путер и сирење, направете го со повеќе зеленчук, за да добиете здрав оброк.

nezdravi-namirnici-koi-nema-potreba-da-gi-iskluchite-od-ishranata-04.jpg

Тестенини

Никој не може да одолее на голема порција тестенини со некој превкусен сос. За среќа, постојат нутриционисти кои никогаш не би ги исфрлиле од менито, под услов да се комбинирани со еднаква количина зеленчук.

nezdravi-namirnici-koi-nema-potreba-da-gi-iskluchite-od-ishranata-05.jpg

Компири

Компирот е калоричен, но тоа не се празни калории, туку содржи и витамини, калиум, железо и растителни влакна. Затоа и лесно заситува и нема да огладнете по само два часа. Како што веќе нагласивме, избегнувајте помфрит со кечап и мајонез и подгответе си салата од варен компир.

nezdravi-namirnici-koi-nema-potreba-da-gi-iskluchite-od-ishranata-06.jpg

Кафе

Кафето го следат многу предрасуди, но како и за сè друго, така и за него важи дека треба да се консумира во умерени количини и по можност со што помалку или без шеќер.

nezdravi-namirnici-koi-nema-potreba-da-gi-iskluchite-od-ishranata-07.jpg

Леб

Лебовите ги има во илјадници варијанти и секој може да го најде оној што му одговара и со вкусот и со нутритивните вредности. Лебот од бело брашно е најмалку здрав во оваа група.

nezdravi-namirnici-koi-nema-potreba-da-gi-iskluchite-od-ishranata-08.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg