Храна која никогаш не треба да ја замрзнувате

Иако во многу ситуации најлесно ни е останатата или вишокот храна да ја ставиме во замрзнувач, сепак тоа не секогаш е правилен избор.

hrana-koja-nikogash-ne-treba-da-ja-zamrznuvate-01.jpg

Има одредени типови храна кои не е добро да се замрзнуваат, бидејќи може да го изгубат вкусот и составот, а уште полошо, да се расипат ако по втор пат ги смрзнете.

Па затоа, добро е да знаете дека иако некои намирници може да ги смрзнете, други треба да избегнувате да ги ставате во замрзнувач, посебно по втор пат.

Delish објави листа на храна која не треба да се смрзнува, па обидете се да се водите по неа.

Доколку не сакате да се изгуби текстурата, вкусот, составот и свежината, не ги смрзнувајте овие производи:

1. Авокадото ја губи текстурата по одмрзнувањето, но и вкусот

hrana-koja-nikogash-ne-treba-da-ja-zamrznuvate-02.jpg

2. Месото и морската храна не ги смрзнувајте откако еднаш се одмрзнати

hrana-koja-nikogash-ne-treba-da-ja-zamrznuvate-03.jpg

3. Варената паста при смрзнувањето апсорбира вода и го губи вкусот

hrana-koja-nikogash-ne-treba-da-ja-zamrznuvate-04.jpg

4. Меките сирења и кашкавали се одвојуваат и ја менуваат текстурата при одмрзнување

hrana-koja-nikogash-ne-treba-da-ja-zamrznuvate-05.jpg

5. Одмрзнатото млеко не е идеално за употреба, освен ако го користите за варење

hrana-koja-nikogash-ne-treba-da-ja-zamrznuvate-06.jpg

6. Замрзнатите испржени јадења немаат убав вкус по одмрзнувањето и стануваат премеки и водени

hrana-koja-nikogash-ne-treba-da-ja-zamrznuvate-07.jpg

7. Краставицата не е идеално да се смрзнува бидејќи содржи многу вода

hrana-koja-nikogash-ne-treba-da-ja-zamrznuvate-08.jpg

Кои јадења може да ги замрзнувате?

  • Овошје – посебно бобинки, излупени цитрусни овошја, банана, јаболка, круши
  • Месо – стекови, плескавици, мелено месо (но само ако претходно не биле веќе смрзнати еднаш)
  • Свежи билки – магдонос, босилек, коријандер
  • Зеленчук – секаков тип на зеленчук – исчистен, свеж или варен

hrana-koja-nikogash-ne-treba-da-ja-zamrznuvate-09.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
3 лесни идеи за храна со срца - изненадете ја саканата личност на „Денот на вљубените“ (видео) Лепче со чоколадно срце исполнето со мармалад, палачинка со љубовни мотиви и мин...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Идеи како велигденски да сервирате храна на даска (за гостите да ве пофалат) Даска со крем салата во форма на зајче со други додатоци, ладни мезиња подредени...

Најчитани неделава