Квалитетната исхрана не мора да биде скапа - Совети како да се храните здраво и евтино

Здравата и квалитетната исхрана не мора да биде скапа. Кога се обидуваме да подготвиме храна дома, често во продавниците трошиме повеќе пари отколку што планираме. 

kvalitetnata-ishrana-ne-mora-da-bide-skapa-001.jpg

Сепак, нема оправдување за нездравото хранење, бидејќи постојат начини да купувате здрава храна без да потрошите цело богатство. 

Ова се неколку совети како да јадете здраво и евтино:

1. Купувајте сезонско овошје и зеленчук, бидејќи се поевтини, а потоа замрзнете ги за подоцна да можете повторно да ги користите кога нема да им биде сезона.

2. Креирајте го ручекот според зеленчукот што го купувате.

3. Инвестирајте во стаклени тегли во кои ќе ја чувате храната. Освен што ќе го сочувате квалитетот, секогаш ќе имате предвид колкава количина имате и ќе знаете дали ви фали за да не купувате залудно.

Kvalitetnata ishrana ne mora da bide skapa 4

4. Сезонското овошје и зеленчукот купувајте ги на пазарите, каде што обично се поевтини отколку во големите  продавници.

5. Не купувајте веќе исечено овошје и зеленчук - тоа ја зголемува цената. Подгответе ја храната сами.

6. Пред купувањето испланирајте ги оброците и составете листа на намирници.

7. Користете колку што е можно повеќе јајца. Тие се здрави, евтини, а вклучени се во голем број рецепти.

Kvalitetnata ishrana ne mora da bide skapa 3

8. Наместо да купувате ладни сокови можете самите да си подгответе ладен чај или лимонада со природни состојки.

9. Некои зачини, како магдонос, босилек и мајоран, можете да ги растете во домашната градина.

10. Големите попусти се секогаш поевтина опција, но не купувајте количини кои нема да ги потрошите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...

Најчитани неделава