Започна големиот Велигденски пост - правила кои мора да ги следите доколку постите

На 23 февруари 2026 започна големиот Велигденски пост, најдолгиот од четирите големи во православната вера.

pocnuva-golemiot-veligdenski-post-pravila-koi-mora-da-gi-sledite-dokolku-postite-01.jpg

Трае точно 48 дена и важи за најстрогиот пост во годината, бидејќи се пости на вода, со исклучок на викендите, освен кога се работи за Голема сабота, ден пред Велигден.

Постот не е само откажување од мрсната храна, туку најважно е да се работи и на воздржување од лоши мисли и дела, со кои ќе успеете да ги победите телесните страсти со духовна сила.

pocnuva-golemiot-veligdenski-post-pravila-koi-mora-da-gi-sledite-dokolku-postite-02.jpg

Важно е храната да се подготвува на вода, посебно во среда и петок.

Виното и маслото се дозволени само во сабота и недела, како и на деновите кога има ублажување на постот заради големи празници - 12 март (четврток), 25 март (среда), 7 април (вторник), 9 април (четврток).

Не е дозволено консумирање на месо, јајца, сирење, млеко и сите млечни производи.

Рибата во текот на велигденскиот пост може да се консумира само на Цветници - 5 април (недела).

Целта на овој пост е најголемиот христијански празник да се дочека во мир и тишина.

pocnuva-golemiot-veligdenski-post-pravila-koi-mora-da-gi-sledite-dokolku-postite-03.jpg

Прочитајте и 3 рецепти со кои може да почнете да постите, без грам масло.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
Идеи како велигденски да сервирате храна на даска (за гостите да ве пофалат) Даска со крем салата во форма на зајче со други додатоци, ладни мезиња подредени...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава