Идеални за велигденските пости - 3 посни рецепти без грам масло

Да се јаде посно и не претставува тежок и невозможен предизвик, особено последниве години кога има толку многу достапни посни производи и лесни рецепти.

3-posni-recepti-bez-gram-maslo-01.jpg

Но, да се пости без масло може да биде навистина тешко, а најмачно од сè е да смислите што би јаделе во текот на денот.

Пронајдовме 3 рецепти „на вода“ кои не содржат ниту еден грам масло во подготовката, а се истовремено вкусни и лесни. Всушност, менито содржи чорба, главно јадење и секако, десерт.

Што да јадете за време на строгите велигденски пости?

Посна крем чорба од целер

Потребно ви е:

  • 1 поголемо парче целер
  • 2 моркови
  • 1 компир
  • 1 помал кромид
  • Сол и бибер (куркума, нане, рузмарин – по желба)

Начин на подготовка:

1. Измијте го добро зеленчукот, исечкајте го на парчиња и обарете го во вода додека не стане сосема мек.

2. Префрлете го во блендер додека не добиете еднолична смеса.

3. Вратете ја мешавината во тенџерето, додадете зачини по желба, додадете вода според посакуваната густина и оставете ја чорбата добро да проврие.

4. Декорирајте со свеж магдонос и послужете со мали парченца препечен леб (внимавајте лебот да биде исто така без масло).

3-posni-recepti-bez-gram-maslo (1).jpg

Посни шпагети во сос од авокадо

Потребно ви е:

  • 2 зрели авокада
  • 1 пакување посни шпагети (внимавајте на ознаките и составот)
  • Кечап
  • 10-12 маслинки
  • 2-3 млади кромитчиња
  • Сол и др. зачини по желба

Начин на подготовка:

1. Исчистете го двете парчиња авокадо од семките и добро згмечете ги со виљушка или во блендер, како ви е полесно.

2. Додадете го кечапот, исечканите маслинки и ситно сечканиот млад кромид (слободно исечкајте го и белиот дел и зелените перца). Добро измешајте со виљушка.

3. Сварете ги шпагетите според упатството на ќесичката, прецедете ги и додека се топли измешајте ги со подготвениот зелен сос од авокадо.

4. *За малку попикантен вкус може да додадете и неколку капки лимон. Послужете додека е топло.

3-posni-recepti-bez-gram-maslo (2).jpg

Посно медено срце

Потребно ви е:

  • 2 шолји кисела вода
  • 2 шолји брашно
  • 2 шолји шеќер
  • 1 ќесичка цимет
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 2 лажици какао
  • 4-5 лажици посен џем од сливи или кајсии, по желба или пак мед како најдобра посна замена

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги добро сите наведени состојки.

2. Тавчето покријте го со хартија за печење.

3. Истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 180˚С околу 30 минути или додека колачот добро не зарумени.

3-posni-recepti-bez-gram-maslo (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Летна манџа со домати и пиперки - најслаткото јадење кога сте гладни Легендата вели дека во лето, кога некое дете на Балканот ќе каже дека му се јаде...

Најчитани неделава