Во кои ситуации не треба да користите маслиново масло, иако е здраво?

Маслиново масло се цени поради многубројните намени во кулинарството, здравјето и убавината. Со векови е барано низ културите и континентите. 

vo-koi-situacii-ne-treba-da-koristite-maslinovo-maslo-01.jpg

Иако не се сомневаме во неговата разновидност и неговите придобивки, постојат ситуации во кои не треба да се користи ова масло.

Во овие ситуации треба да размислите за алтернативи:

Кога не го знаете потеклото на маслото

Пред да почнете со подготовка на храна со маслиново масло, проверете дали го знаете потеклото на маслото.

Според некои истражувања, дури 80% од италијанските маслинови масла, што ги наоѓаме во продавниците, се всушност измами.

Постојат три групи на такви масла:

  1. Масла со слаб квалитет измешани со масла со повисок квалитет
  2. Старо пакување, односно масло кое останало во резерва и продажба на такво пакување како свежо 
  3. Масло од сончоглед или соја во шише на маслиново масло.

vo-koi-situacii-ne-treba-da-koristite-maslinovo-maslo-iako-e-zdravo-02.jpg

За пржење

Некои нутриционисти тврдат дека маслиновото масло, кое е добро за нашето срце, всушност, станува штетно за срцето кога е изложено на високи температури.

Во овие ситуации, маслиновото масло нема да ги ослободи штетните токсини, но (како и сите други масла) структурата ќе почне да се распаѓа.

Повеќето од хранливите вредности, што ги поврзуваме со маслиновото масло, како што се омега-3 масните киселини, се уништуваат за време на процесот на загревање.

Наместо тоа, користете маслиново масло како „зачин“ кога јадењето ќе биде готово.

vo-koi-situacii-ne-treba-da-koristite-maslinovo-maslo-iako-e-zdravo-00.jpg

На скара

Постојат многу рецепти кои советуваат маринирање на месо и зеленчук во маслиново масло и зачини пред да го ставите на скара. Иако овој метод не може да ви наштети, нема ниту да ви помогне, бидејќи маслиновото масло едноставно ќе изгори.

vo-koi-situacii-ne-treba-da-koristite-maslinovo-maslo-iako-e-zdravo-05.jpg

Како нега за кожа склона кон акни

Многу луѓе користат маслиново масло како регенератор за коса, масло за масажа и неизбежна состојка во подготовката на нивните сапуни, лосиони и други производи за нега на кожата.

Иако не постои сомнеж во ефективноста на маслиновото масло, во ваквите ситуации, истото, за жал може да направи приличен „хаос“ на кожата која е склона кон акни, па подобро е да не експериментирате.

vo-koi-situacii-ne-treba-da-koristite-maslinovo-maslo-iako-e-zdravo-04.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава