Која храна е добра, а која е лоша за вашиот црн дроб?

Црниот дроб е еден од највиталните органи во телото и без него не би преживеале. Воглавно, овој орган е како „лабораторија“ за детоксикација и ја прочистува и филтрира крвта. Исто така, црниот дроб ги метаболизира хемикалиите, јаглехидратите, протеините и жолчката.

koja-hrana-e-dobra-a-koja-losha-za-vsahiot-crn-drob-01.jpg

Како и за секој орган, и за црниот дроб има добра и лоша храна. Воглавно, „лошата“ храна нема да предизвика штета доколку сте умерени со неа, но добро би било да знаете што да избегнувате.

Храна добра за црниот дроб

Кафе

Кафето го намалува ризикот од развивање дијабетес тип 2, како и разни невролошки нарушувања. Причината е што кафето е богато со антиоксиданти.

Се разбира, не треба да претерувате, бидејќи прекумерното пиење кафе, пак, може сепак да предизвика негативни здравствени последици. 

Боровинки

Всушност сите бобинки се добри за црниот дроб, но главното место им припаѓа на боровинките бидејќи се богати со антиоксиданти. Покрај тоа, некои истражувања покажале дека го намалуваат развивањето на ракот и го лекуваат ткивото.

koja-hrana-e-dobra-a-koja-losha-za-vsahiot-crn-drob-02.jpg

Риба

Рибата е богата со протеини, аминокиселини и омега 3 масни киселини. Омега 3 киселините му помагаат на црниот дроб да ги намали лошите масти во организмот.

Брусница

Брусницата е богата со витамин Ц, што пак му помага на црниот дроб при метаболизирање на мастите.

koja-hrana-e-dobra-a-koja-losha-za-vsahiot-crn-drob-03.jpg

Грејпфрут

И ова овошје е богато со витамин Ц и антиоксиданти и го чисти дробот од токсини. Само внимавајте со грејпфрутот доколку земате антидепресиви.

Грозје

Семките се најдобриот дел од грозјето за вашиот црн дроб. Едно истражување покажало дека екстрактот од семки од грозје за само три месеци може да ја подобри состојбата на замастениот црн дроб.

Цвекло

Цвеклото исто така го чисти дробот од токсини. Доколку не ви се допаѓа неговиот вкус, можете да го консумирате како додаток за смути.

koja-hrana-e-dobra-a-koja-losha-za-vsahiot-crn-drob-04.jpg


Храна и пијалаци кои се лоши за црниот дроб:

Алкохол

Веќе не е никаква тајна дека алкохолот е лош за нашиот организам. Претераното консумирање алкохол може да го оштети црниот дроб и да ја намали неговата способност за регенерирање.

Ова значи дека органот нема ефикасно да ги разложува лошите масти и токсините.

Конзервирана храна

Конзервираната храна е полна со натриум за да го продолжи нејзиниот рок, но и за да го подобри вкусот. Но високото ниво на натриум во организмот може да предизвика фиброза.

koja-hrana-e-dobra-a-koja-losha-za-vsahiot-crn-drob-05.jpg

Брза храна

И брзата храна содржи многу натриум па пиците, хамбургерите и помфритот се вистински кошмар за вашиот црн дроб.

Суво грозје

Иако сувото грозје е здрава намирница, доколку го консумирате пречесто, ќе го постигнете спротивниот ефект. Овaа намирница е полна со шеќер и калории и може да предизвика воспаление на ткивото на црниот дроб.

koja-hrana-e-dobra-a-koja-losha-za-vsahiot-crn-drob-06.jpg

Црвено месо

Црвеното месо е одличен извор на протеини, но содржи многу холестерол. Претераното консумирање црвено месо неретко е поврзано со зголемен ризик од заболувања на црниот дроб, па дури и појава на дијабетес.

Газирани пијалаци

Диеталните газирани пијалаци се некогаш полоши од обичните. Имено, тие содржат многу хемикалии за засладување, кои имаат помалку калории. Доколку ги пиете често, можат да предизвикаат таложење на масти околу црниот дроб.

koja-hrana-e-dobra-a-koja-losha-za-vsahiot-crn-drob-07.jpg

Слатки

Проблемот со слатките е тоа што содржат многу рафиниран шеќер, вештачки засладувачи и сируп од пченка. Шеќерот е штетен за црниот дроб бидејќи тој е единствениот орган што го разложува.

Доколку не можете да се откажете од благото, зголемете ја физичката активност за да го намалите штетното дејство.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава