Совети за здрав појадок за слабеење

Ако се прашувате како да изгубите тежина на здрав начин, секогаш започнете со планирање на исхраната. 

Idei I soveti za zdrav pojadok za slabeenje 01

Можете да најдете многу примери за ова во многу планови на диети, меѓутоа можете да креирате и свои диетални оброци.

Здравиот појадок треба да биде основа на вашата дневна исхрана, што ќе ви обезбеди доволно енергија и хранливи материи.

Производите за слабеење честопати можат да бидат скапи и непотребни. Најправилен начин за губење на тежина подразбира здрава исхрана и физичка активност.

Планот на исхраната (за губење на тежина) треба да биде добро осмислен, за да им одговара на вашите желби, потреби и опции. Најмногу треба да се заснова на балансирани оброци, кои ќе ви овозможат доволно енергија и хранливи материи, како што се витамини и минерали.

Можете да пронајдете многу примери за неделен појадок, како што се диети со јогурт, со јајца и слично, но имајте на ум дека таквите менија честопати не се адаптирани на сечии потреби.

Исхраната ќе се заснова и на тоа колку често вежбате, односно колку трошите енергија дневно. Дали ви е потребен зголемен внес на некои витамини или минерали ако сте вегетаријанци, ако страдате од хронични заболувања, ако сте повозрасни?  

Затоа е многу важно да ги земете предвид стручните совети на лекарите или нутриционистите пред да ја промените вашата исхрана.

Idei I soveti za zdrav pojadok za slabeenje 02

Најдобар појадок за слабеење би бил оној што ќе ви обезбеди доволно калории и хранливи материи. Треба да одредите колку калории треба да внесувате секој ден, за да ги добиете резултатите што ги сакате, а потоа да ги расподелите по оброци.

Ако не јадете многу за вечера, зголемете го внесот на калориите во другите оброци, а доколку јадете петпати на ден, балансирајте го појадокот со ручекот, а вечерата со ужината.

Исто така, размислете за вашите дневни потреби на маснотии, протеини и јаглехидрати. Ако ги исфрлите тие намирници од појадокот, вклучете ги во другите оброци, според вашиот план на исхрана, во одредени количини.

Храната за слабеење не мора да биде невкусна и досадна и не треба од појадокот да ја исфрлате храната што ви се допаѓа, како што се лебот, овесната каша, житарките или јајцата и сланината.

Idei I soveti za zdrav pojadok za slabeenje 03

Доволно е да ги замените со поздрави верзии. На пример, белиот леб можете да го замените со црн или протеински леб, леб со семки и сл. 

Идеалниот појадок за губење на тежината не мора да биде рестриктивен или лош. Неговата подготовка зависи од вашиот план на исхрана. Идејата е да се подготвите за остатокот од денот и да не чувствувате глад.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
8 чести кулинарски грешки што сите самоуверени домаќинки ги прават (а не треба) Јајцето го кршите од работ на садот, па внатре ви паѓаат лушпи, не пробувате дал...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg