12 намирници кои можат да ви наштетат доколку ги јадете во погрешно време

Истражувањата покажуваат дека денес во просек трошиме повеќе калории отколку што трошеле нашите предци во минатиот век.

12-namirnici-koi-mozat-da-vi-nashtetat-01.jpg

Иако луѓето се посвесни за она што го јадат, сепак не е секогаш лесно да се утврдат сите правила на здравата исхрана. На пример, јадењето јаболка во погрешно време може да предизвика проблеми со цревата, наместо да го подобри варењето.

За среќа, тие правила не се тешки за следење, а ова се неколку совети за тоа како да се одбере вистинското време за јадење на омилените намирници, со цел да извлечете од нив максимална корист:

Банани

Иако можеби бананите ви се чинат како одлична опција за почеток на утрото, доколку ги консумирате на празен желудник, може да ја намалат вашата енергија. На почеток најверојатно ќе почувствувате пораст на енергијата благодарение на шеќерот во бананите, но по неколку часа најверојатно повторно ќе чувствувате замор и глад.

Исто така бананите може да бидат проблем за луѓето коишто патат од синдром на иритабилно црево, бидејќи може да предизвикаат пролив.

Доколку не сакате да се откажете од бананите за појадок, тогаш комбинирајте ги со некоја друга храна, по можност со некоја која содржи здрави масни, како путерот од кикиритки.

Кафе

За многумина пиењето шолја кафе по будењето е најприродно, но всушност е најбескорисно. Испитувањата покажале дека пиењето кафе пред оброци ја подобрува толеранцијата на кофеин. Во првиот час по будењето, телото произведува кортизол и најважно е да не се нарушува овој процес и нашите природни биолошки процеси.

Затоа почекајте малку и потоа уживајте во вашата шолја кафе, но имајте на ум дека подобро е да се придржувате до препорачаниот дневен внес на кофеин и да не пиете кафе навечер, за да ја спречите несоницата.

Ориз

Колку и да ви звучи добро оброк со ориз после долг напорен ден, сепак тоа не е најдобрата опција. Оризот содржи многу сложени јаглехидрати за коишто треба долго време за да се сварат. Тоа е добро, бидејќи нè држи долго време полни со енергија. Но оризот е висококалоричен и може да предизвика дебелеење ако се јаде навечер.

Ручекот е најдобро време за внесување на ориз. Во текот на овие часови метаболизмот работи брзо и лесно ќе го свари оризот. Исто така енергијата од оризот ќе ви помогне да имате попродуктивен ден.

Шеќер

Доколку сакате да се придржувате до здравата исхрана, најдобро е да го избегнувате преработениот шеќер. Најголема грешка е кога благото се јаде како меѓуоброк. Така се зголемува нивото на шеќер во крвта и се предизвикува нагло покачување, а потоа и нагло опаѓање што предизвикува замор и нервоза.

Доколку морате да јадете, тогаш јадете благо веднаш после главниот оброк, така нивото на шеќер во крвта нема драстично да се покачи.

Млеко

Многумина имаат навика уште од детството да го започнат денот со чаша млеко, но оваа навика не е добра за возрасните. Млекото е тешко за варење, па пиењето наутро во комбинација со други намирници може да предизвика гасови и болки во желудникот. Вечерта е најдобра за чаша топло млеко, бидејќи го смирува телото и го подобрува сонот.

Месо

Месото е одличен извор на белковини и витамин Б, но може да претставува прекумерно оптоварување на системот за варење. Затоа подобро е да се избегнува пред спиење. Одбирајте немасно месо и јадете го најмалку 3 саати пред спиење, на тој начин ќе бидете сити, а ќе се заштите од дебелеење, бидејќи нема премногу калории.

Можете да јадете месо во текот на целиот ден, но бидете внимателни што јадете наутро, бидејќи мрсниот оброк може да биде тежок за варењето и целото тело.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се одличен извор на здрави масти и калории, но нивно консумирање навечер не е најдобра опција. Здраво е да ги јадете, но доколку изедете премногу, можеби нема да можете толку лесно да заспиете.

Изберете ги јаткастите плодови за појадок или ужина, за да ги искористите сите нивни предности: здравје на срцето, нормализирање на холестеролот, слабеење и зајакнување на кожата и косата.

Полномасно сирење

Топол тост пред спиење може да биде примамлив, но подобро да ги избегнувате овие производи. Полномасното сирење може да биде тешко за варење, а со тоа и да го наруши сонот. Од друга страна пак, консумирањето сирење за појадок ќе му го даде на телото потребниот калциум којшто го поттикнува растот на мускулите и здравјето на коските.

Агруми

Можеби ви се чини здраво да го започнете денот со чаша исцеден сок од лимон, но не е. Агрумите се многу кисели и доколку се консумираат со или веднаш после главниот оброк, може да го зголемат формирањето на киселини и да предизвикаат проблеми во варењето и забавена апсорпција на хранливите состојки. Затоа почекајте малку после оброкот за да се напиете овошен сок.

Грав

Гравот е богат со растителни влакна па консумирањето навечер може да предизвика гасови и намален квалитет на сонот. Подобро е да бидете внимателни со оваа намирница и да се консумира за ручек или рана вечера, така сите корисни состојки ќе се сварат и помала е веројатноста да се чувствувате подуено.

Јаболка

Јаболката со богати со растителни влакна и содржат природни киселини кои ја подобруваат работата на дебелото црево. Но, ако ги јадете навечер, киселините може да се насоберат во желудникот и да предизвикаат проблеми.

Најдобро е јаболката да се јадат наутро, така може да ја поттикнете работата на цревата после долгиот сон, што ќе биде особено корисно ако сте имале доцна вечера или сте јаделе нездрава храна.

Јогурт

Подобро е да избегнувате да јадете кисело млеко или јогурт на празен стомак или пред оброци. Јогуртот содржи млечна киселина која може да ја намали киселоста на желудникот и ќе го забави варењето.

Консумирајте јогурт 1 до 2 часа после главниот оброк со цел да ги искористите предностите на млечната киселина за вашето варење. Земањето мали порции јогурт пред спиење е добра опција, бидејќи ќе му даде протеини на вашето тело и ќе придонесе за развојот на мускулите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg