6 причини зошто треба да јадете урми секој ден

Урмите имаат широк спектар на здравствени придобивки. Особено се важни за вегетаријанците, бидејќи содржат супстанции кои се важни за нормално функционирање на организмот, а кои не се наоѓаат во храна од растително потекло.

6 pricini zosto treba da jadete urmi sekoj den 01

Урмите можат да се јадат сушени и тврди, но откако ќе вкусите свежи, меки, ирански урми, што „се топат во устата“, ќе го освојат вашето срце и непце!

Без разлика каков вид на урми консумирате вашето тело ќе ви биде благодарно, а подолу ќе откриете зошто:

1. Урмите се храна за мозокот

Содржат фосфор, кој игра важна улога како „храна за мозокот“. Поради оваа причина, урмите се препорачуваат во исхраната на луѓето кои се занимаваат со интелектуална работа.

Содржат елементарен хлор, кој се користи за заштита на забите од распаѓање. Зрелите урми содржат витамини А, Ц, Б1, Б2 и ниацин. Одличен се извор на натриум, магнезиум, калциум и железо.

2. Содржат железо

Урмите се богат извор на железо. 100 грама содржат околу 10% од препорачаната дневна вредност на железо.

3. Богати се со протеини

Урмите се одличен извор на протеини кои ни помагаат да останеме во форма и да ги одржуваме мускулите силни. Голем број на професионални спортисти консумираат неколку урми дневно за да им обезбедат на мускулите задоволително ниво на протеини.

6 pricini zosto treba da jadete urmi sekoj den 02

4. Го подобруваат здравјето на коските

Урмите се богати со селен, манган, бакар и магнезиум, односно сите минерали потребни за одржување на здравјето на вашите коски, зајакнување на структурата и спречување на состојби како остеопороза.

Треба да ги консумираат сите оние кои имаат остеопороза во семејството, но и сите оние кои имаат други проблеми со коските.

5. Го стимулираат варењето на храната

Луѓето кои имаат проблеми со запек, дефинитивно треба да размислат за консумирање урми. Зошто се одличен избор кога станува збор за варење? Урмите содржат висок процент на влакна. Покрај тоа, го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево.

6 pricini zosto treba da jadete urmi sekoj den 03

6. Го подобруваат изгледот на кожата

Витамините Ц и Д ја зголемуваат еластичноста на кожата и ја одржуваат кожата мека и мазна. Урмите треба да ги консумираат сите луѓе кои имаат проблеми со кожата и луѓето кои имаат проблеми со сушење на кожата, поради секојдневна изложеност на екстремни временски услови.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со м...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава