Корисни совети кои ќе ви помогнат да престанете да се прејадувате

Луѓето кои уживаат во храна тешко можат да запрат кога јадат, особено кога станува збор за нешто што многу го сакаат. 

Nekolku korisni soveti koi ke vi pomognat da prestanete da se prejaduvate 01

Ова се неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да се контролирате кога станува збор за храната.

Исчистете ја кујната

Сите имаме храна на која сме слаби, како чоколадо, чипс, сладолед…Како да си помогнете? Најлесно е воопшто да не се искушувајте. Не чувајте храна на која не можете да ѝ одолеете во кујната. Ако ви се јаде сладолед, купете еден, мал, а не големо пакување.

Спијте повеќе

Кога сме ненаспани потешко се справуваме со примамливи јадења. Ако имате добар сон, телото функционира како што треба, па е полесно да одржувате самоконтрола и не копнеете толку многу за слатка храна која поттикнува енергија.

Не дозволувајте си да гладувате

Јадете редовно, бидејќи тогаш јадете додека не сте сити. Кога сме гладни, многу е поверојатно дека ќе се прејадеме, бидејќи губиме самоконтрола.

Nekolku korisni soveti koi ke vi pomognat da prestanete da se prejaduvate 02

Запрашајте се зошто јадете

Кога се чувствувате гладно, обидете се да процените колку сте навистина гладни и дали воопшто сте гладни? Понекогаш мешаме глад и жед, па затоа не е лошо да се напиете чаша вода кога ќе добиете ненадеен и неочекуван напад на глад.

Кога јадете, јадете на мир

Не јадете додека ја гледате омилената серија или филм, и не го држете телефонот или таблетот додека сте на масата. Ако не сте фокусирани на храна, постои поголема веројатност дека ќе продолжите да јадете и кога повеќе нема да бидете гладни.

Користете помали чинии

Луѓето јадат помалку храна ако нивните чинии се помали. Ако јадете во големи чинии, ќе ставите повеќе храна додека не ја пополните чинијата.

Nekolku korisni soveti koi ke vi pomognat da prestanete da se prejaduvate 03

Внесувајте доволно протеини и растителни влакна

На тој начин, ќе имате подолго чувство на ситост и ќе имате доволно енергија помеѓу оброците.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...

Најчитани неделава