Совети со кои палачинките секогаш ќе бидат меки и сочни

Веројатно не постои личност која не сака палачинки. Но неретко, на сите ни недостасува мотивација кога треба да ги направиме.

nekolku-soveti-za-sovrsheni-palachinki-01.jpg

За среќа, постои навистина едноставен рецепт за кој ви се потребни шолја и овие состојки:

  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја брашно
  • 1 јајце
  • Прстофат сол
  • 1 лажица масло (за пржење)
  • 1 лажица шеќер (доколку сакате благи палачинки)

nekolku-soveti-za-sovrsheni-palachinki-03.jpg

Начин на подготовка

Во сад измешајте ги млекото, брашното и солта. На крај додајте едно јајце и добро промешајте. Важно е да знаете дека ако прво го ставите јајцето, постои поголема можност да се направат грутки.

На тава за пржење ставете масло и загрејте го. Ставете од тестото во тавата и пржете ја палачинката на среден оган. Палачинките треба да имаат златно-жолта боја.

Совети за меки палачинки со поголем волумен

1. Доколку сакате палачинките да имаат поголем волумен, во тестото додајте 1 лажица сода бикарбона или прашок за печиво.

2. Исто така, можете да ги одделите белките и жолчките. Прво додајте ги жолчките во тестото, а белките изматете ги и додајте ги на крај.

nekolku-soveti-za-sovrsheni-palachinki-02.jpg

Торта од палачинки

Можете да направите и многу едноставна торта со палачинки.

Едноставно, наредете ги една врз друга и помеѓу нив ставете крем, овошје, чиа семе, или што било што ви се допаѓа.

nekolku-soveti-za-sovrsheni-palachinki-04.jpg

Вегански палачинки

Доколку сакате да направите вегански палачинки, тогаш можете да ставите млеко од соја, бадем и слично, а наместо јајце, ставете банана.

Палачинките пржете ги со растително масло или маргарин.

nekolku-soveti-za-sovrsheni-palachinki-05.jpg

Ладни палачинки

Доколку сте направиле премногу палачинки, можете да ги јадете и неколку дена подоцна. Во фрижидер, палачинките ќе траат еден до два дена.

Додека се ладни, палачинките се одлични во комбинација со чаден лосос и ароматично свежо сирење.

nekolku-soveti-za-sovrsheni-palachinki-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...

Најчитани неделава