Идеи за појадоци што ќе ви го израмнат стомакот

Појадокот треба да биде обилен и вкусен, но и добро избалансиран, за да го започнете денот полни со енергија и елан.

Pet idei za pojadok sto ke vi go izramnat stomakot 01

Ова значи дека треба да се откажете од пекарските производи и да си подготвите нешто вкусно и полно со протеини.

Ова се неколку предлози за здрав појадок и енергичен ден:

Јајца и сланина - две јајца на око, две парчиња печена сланина и црн леб се богат и хранлив појадок кој долго време ќе ве држи сити.

Практикувајте го еднаш неделно или почесто, ако имате потежок тренинг во текот на денот.

Pet idei za pojadok sto ke vi go izramnat stomakot 02

Кајгана со зеленчук - јајцата се одличен извор на протеини - едно поголемо јајце содржи шест грама. Појадок базиран на јајца или протеини ќе ви го намали копнежот кон јаглехидратите во текот на денот, што на крајот ќе значи помалку калории.

Започнете го денот со 3 пржени јајца (кајгана) и ваш омилен сезонски зеленчук.

Pet idei za pojadok sto ke vi go izramnat stomakot 03

Смути од какао и чиа семки - ставете во блендер лажица протеински прав, една банана, лажичка какао, лажичка чиа семе, лажица мед и чаша млеко од соја или бадем.

Измешајте ги сите состојки и вашиот појадок е подготвен.

Pet idei za pojadok sto ke vi go izramnat stomakot 04

Свежо сирење со овошје - свежото сирење е одличен извор на леуцин, аминокиселина која помага во градењето на мускулите.

Зачинете го сирењето со мед и цимет, па додадете овошје по ваш избор и семки или јаткасти плодови.

Pet idei za pojadok sto ke vi go izramnat stomakot 05

Овесна каша - чаша овесна каша содржи 5 грама протеини, богата е со растителни влакна, кои ќе го зајакнат варењето и вашиот метаболизам.

Во кашата додадете го вашето омилено овошје, цимет и семки по желба.

Pet idei za pojadok sto ke vi go izramnat stomakot 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
3 лесни идеи за храна со срца - изненадете ја саканата личност на „Денот на вљубените“ (видео) Лепче со чоколадно срце исполнето со мармалад, палачинка со љубовни мотиви и мин...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...

Најчитани неделава