Дали свежото млеко треба да се вари?

Свежото млеко е најдобриот избор за здрав хранлив пијалак што изобилува со нутритивни состојки.

dali-svezhoto-mleko-treba-da-se-vari-01.jpg

Свежото млеко збогатено со Д3 витамин од Битолска млекара не е потребно да се вари и како такво ги содржи најхранливите млечни состојки. Свежината и нутритивните вредности се задржани со технолошки процес на бактофугирање, термичка обработка со којашто што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност. Вака спроведената пастеризација на свежото млеко овозможува гаранција за високиот квалитет и безбедност на производот.

dali-svezhoto-mleko-treba-da-se-vari-02.jpg

Свежото млеко е преферирано токму заради големиот број хранливи материи и како извор на протеини, витамини, минерали, јаглени хидрати, калциум, а масленоста од 3,2% овозможува сите хранливи состојки и витамини, организмот многу полесно да ги апсорбира. Сите овие состојки и здравствени вредности се зачувани токму при процесот на пастеризација, а покрај тоа, задржан е и изворниот вкус и мирис на свежо млеко.

dali-svezhoto-mleko-treba-da-se-vari-03.jpg

Затоа, наспроти старите навики за варење на млекото, свежото млеко не треба да се вари, а притоа е безбедно за пиење и ги нуди сите здравствени придобивки при редовна и секојдневна консумација. А што ќе се случи со Витаминот Д3 ако го сварите млекото?  Млекото веќе нема да ја има истата хранлива вредност како што ја има доколку се консумира свежо, а со другите хранливи состојки се изгубил и толку потребниот витамин Д.

Свежото битолско млеко има поголема хранливост и енергетска вредност, повкусно е и неговото редовно консумирање обезбедува голем дел од хранливите состојки, витамини и минерали неопходни за децата, за нивниот здрав и правилен раст и развој, но и за повозрасната популација посебно заради збогатеноста со Д3.

dali-svezhoto-mleko-treba-da-se-vari-04.jpg

Побарувачката на свежо млеко е растечка на светско ниво токму заради ваквите карактеристики и заради брзата и практична подготвеност за консумација. Современата технологија и целокупниот процес на производство на свежото млеко, како и врвните стандарди за безбедност кои ги применува Битолска млекара, се гаранција за квалитетот и безбедноста на млекото.

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg