Здравствени придобивки од производите без лактоза

Млечниот шеќер наречен лактоза може да се најде во голем број производи, не само во млекото.

zdrvastveni-pridobivki-od-proizvodite-bez-laktoza-01.JPG

Од лиснати пецива, маргарин, сосови и различни кремови – тој е практично насекаде и може да предизвика проблеми, особено кај луѓето кои се интолерантни на лактоза. Се’ повеќе луѓе решаваат да практикуваат исхрана без лактоза, дури и ако не патат од интолеранција, бидејќи нејзиното исфрлање од исхраната носи одредени здравствени придобивки. Тоа особено се однесува на млекото и млечните производи.

Безлактозната исхрана неретко се препорачува и на луѓе кои не се интолерантни, особено ако се препознае дека тие имаат непријатности и тегоби по консумирање на млечни производи. Исфрлањето на лактозата од секојдневната исхрана ќе ви помогне да се чувствувате подобро, да ги намалите стомачните болки и грчеви и да престанете да се чувстувате подуено. Дополнително, исхраната без лактоза ќе му овозможи на телото подобро да ги прима нутриентите од другите хранливи производи и со тоа помага за подобро варење на храната.

zdrvastveni-pridobivki-od-proizvodite-bez-laktoza-02.JPG

Сепак, целосното исфрлање на млечните производи не е добро бидејќи тие се составен дел од скоро сечија секојдневна исхрана и често се препорачуваат како идеални за одржување на здравјето на коските и забите. Но, во еден момент млечните производи можат да предизвикаат непосакувани реакции на дигестивниот систем и тоа е знак дека можеби треба да намалите со внесот на лактоза. Секако, не треба да се поврзува интолеранцијата на лактоза со алергија на млечни производи, бидејќи тоа се две комплетно различни состојби.

„Важно е да направите тест на лактоза за да дознаете дали сте интолерантни на лактоза или пак сте алергични на млеко. Интолеранцијата не е алергија или болест, но може да го намали квалитетот на живот. Но, доколку добро внимавате на исхраната, интолеранцијата нема да ви претставува проблем во секојдневниот живот“, вели Д-р Елена Манолева-Николовска, специјалист педијатар.

zdrvastveni-pridobivki-od-proizvodite-bez-laktoza-03.JPG

Како што напоменавме, исфрлањето на млечните производи скоро да не доаѓа предвид за голем број луѓе. А и не би требало, бидејќи една шолја млеко содржи 8 грама протеин, кој придонесува за подобар квалитет на кожата, ги храни мускулите и делува кон регенерација на оштетените ткива. Важно е да се напомене дека млекото се состои од сите незаменливи аминокиселини и претставува комплетен протеин кој се препорачува да се внесува секојдневно. Ако сакате да ја исфрлите лактозата од исхраната, а млекото и понатаму да биде дел од вашето мени, тогаш идеално решение би биле млечните производи без лактоза. На нашиот пазар веќе постојат млечните производи без лактоза на Лакталис МК –  Алпско јогурт, млеко и кисело млеко, кои лесно ќе ги препознаете во локалните маркети по жолтата пеперутка што се наоѓа на амбалажата. Тие имаат понагласен, сладникав вкус, што ги прави совршени како додаток на утринското кафе или пак во комбинација со мусли или лиснати пецива.

zdrvastveni-pridobivki-od-proizvodite-bez-laktoza-04.JPG

Одржувањето на живот без лактоза ќе ви помогне во подобрување на дигестијата и подобро распределување на хранливите материи, потоа ќе ги намали стомачните тегоби и подуеноста, а со тоа ќе придонесе за поквалитетен живот без грижи. Доколку, пак, имате дигестивни проблеми, а не знаете дали се предизвикани од интолеранција на лактоза или алергија на млеко, можете да направите тест во некоја од лабораториите кои ги нудат овие услуги, како SynLab или Biotek.

Би можело да ве интересира:

4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg