Што да правите за да не ви се јаде ноќе?

Според сите правила на здрава и урамнотежена исхрана, вечерата треба да биде најлесниот оброк во денот и се препорачува да јадете најмалку два до три часа пред спиење, така што телото ќе има време да ја свари храната.

Kako da se sprotivstavime na jadenjeto docna vo nokta 01

Но, многу луѓе се жалат дека се премногу гладни доцна во ноќта. За да се избегне оваа лоша навика, ова се неколку правила кои можат да ви помогнат:

1. Јадете доволно во текот на денот

Можеби причината за големата глад навечер е што не јадете доволно во текот на денот. Јадете на секои 3 до 5 часа и не заборавајте на здравите закуски.

2. Појадокот е најважниот оброк во денот

Секој треба да го започне денот со храна богата со растителни влакна, протеини и калории, а доколку сте еден од оние што го избегнуваат овој оброк, многу е веројатно дека ќе бидете гладни навечер.

3. Не мешајте глад со здодевност

Ако се чувствувате гладни навечер, размислете дали е ова поради здодевност или вистинска глад. Понекогаш нашата желба за храна во вечерните часови е всушност начин да се справиме со стресот, емоционалните проблеми и споменатата досада.

Kako da se sprotivstavime na jadenjeto docna vo nokta 02

4. Изберете ги вистинските комбинации

Ако сте навистина гладни навечер, одберете ја вистинската комбинација што ќе ви го намали апетитот. Нашиот предлог е: 1/2 чаша јогурт или парче сирење, 1/4 авокадо или 1/4 чаши ореви, житарки... Наместо да грицкате чипс, направете чај или пијте чаша млеко со цимет!

5. Избегнувајте масна и зачинета храна

Во вечерните часови никако не се препорачуваат пијалаци и храна што содржат кофеин (кафе, чај, чоколадо...). Исто така, не се препорачува ниту масна и зачинета храна, бидејќи може да ви „падне“ тешко на стомакот и лошо да влијае на спиењето.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава