Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Апетитот се менува со возраста - Како да го искористите во борбата против килограмите?

Врската помеѓу човекот и храната не е воопшто едноставна. Луѓето не секогаш јадат затоа што се гладни, а нивниот апетит е под влијание на различни фактори во текот на животот.

So stareenjeto se menuva i apetitot 01

Експертите откриле дека апетитот се менува со возраста. Поточно, апетитот и ставот кон храната значително се менуваат со текот на годините.

Добрите вести се што можете да ја искористите оваа промена во борбата против килограмите, ако сте во пораните години или да им помогнете на децата навреме да ги стекнат вистинските навики. 

Прва декада: 0-10 години

Навиките за јадење се стекнуваат во детството и се пренесуваат во зрелоста. Малото дете кое има проблем со дебелина, најверојатно ќе остане така и како возрасно лице, ако родителите не направат нешто навреме.

Многу е важно да ги научите децата да пробуваат разна храна и разни вкусови, текстури и бои, за подоцна да не „стравуваат“ од некоја храна, односно да не се создаде приоритетна аверзија кон неа.

Втора декада: 10-20 години

За време на пубертетот и адолесценцијата, хормоните влијаат врз зголемениот апетит. Храната многу влијае врз здравјето и развојот на една личност, така што овој период е клучен за одредување на нивните навики на исхрана во иднина.

Без соодветна исхрана во овој период, повеќето од вашите омилени јадења ќе бидат нездрави, како што се брза храна, грицки и слатки, а тоа може да има последици во подоцнежна возраст.

So stareenjeto se menuva i apetitot 02

Трета декада: 20-30 години

Кај возрасните, промените во животниот стил можат да доведат до прекумерна тежина. Откако некое лице ќе се здебели, тешко ќе ја изгуби тежината.

Во овој период од животот, телото испраќа силни сигнали кога се јавува глад, но повратните сигнали дека лицето јаде се многу слаби. Многу е важно да се развие чувство на ситост, да се слуша телото доколку повеќе не чувствува глад и да се избегне прејадувањето.

Четврта декада: 30-40 години

Во овој период, знаците на стрес почнуваат да се покажуваат. Истражувањата покажале дека тешкотиите при исполнувањето на обврските доведуваат до промени во животниот стил и навиките во исхраната.

Потоа може да се развие значително намалување на апетитот.

Петта декада: 40-50 години

Веќе е многу тешко да се смени нешто во овој период. Разумот вели дека балансираната исхрана и вежбањето се од суштинско значење за здравјето, но во реалноста, луѓето често продолжуваат да јадат лошо, нередовно или да се прејадуваат.

So stareenjeto se menuva i apetitot 03

Шеста декада: 50-60 години

По педесеттата година, мускулната маса започнува да се намалува постепено, но незапирливо. Внесувањето мала количина хранливи материи, физичката неактивност и менопаузата (кај жените) можат дополнително да го забрзаат или влошат овој процес.

Седма декада: 60-70 години

Во староста, телото станува кревко, а губењето на тежината доаѓа самостојно, бидејќи на таа возраст се губи апетитот и чувството на глад како да исчезнува. Јадењето е, повеќе од кога било, социјално искуство.

Смртта на сопружникот, немањето многу пријатели, недостатокот на финансии… сите овие проблеми го спречуваат човекот да ужива во храната. Други фактори кои влијаат на губење на тежината можат да бидат тешкотии во гризењето или голтањето или некоја друга болест.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Кои (позитивни) промени ќе ги забележите ако јадете побавно? Ќе ослабите, но и ќе си ја подобрите дигестијата – зошто треба да почнете да јад...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg