Колкаво е значењето на протеините за здрав организам и каде сè може да ги најдеме во секојдневната исхрана

Протеините или белковини, се основни елементи во форма на молекули, и се неопходни за клетките на организмот.

kolkavo-e-znachenjeto-na-proteinite-za-zdrav-organizam-i-kade-se-mozhe-da-gi-najdeme-vo-sekojdnevnata-ishrana-01.jpg

Како сложени молекули играат клучна улога во организмот и без нив телото не би можело да функционира. Главните функции на  протеините во телото започнуваат од влијанието врз растот и развојот на ткивата и клетките, а со тоа и на целиот организам. Ензимите се исто така протеини кои се одговорни за правилно функционирање на многу биохемиски процеси во организмот, како варењето или циркулацијата. Протеините се одговорни и за структурата, јачината и еластичноста на многу делови од телото, ја одржуваат рамнотежата на PH вредноста во телото и се одличен извор на енергија. Протеините се борат против разни несакани микроорганизми и со тоа да имаат корисен ефект и врз имунитетот.

Во последните години најпопуларната здрава исхрана е онаа базирана на што е можно повеќе протеини затоа што внесувањето протеини влијае позитивно на здравјето. Заради нивната важност за организмот во градењето на мускулите, 'рскавицата, кожата, косата и ноктите, и како составен дел од крвта, што е најважната функција, протеините се во центарот на препораките за правилна исхрана. Припаѓаат на групата макронутриенти, што значи дека на организмот им е потребен редовен и релативно висок внес. За разлика од мастите и јаглехидратите, организмот не чува резерви од протеини, што може да ги користи доколку му се потребни. Ова е причината зошто нутриционистите секојдневно ја потенцираат важноста од оптималното внесување и балансирана исхрана. Протеините се значајни за коските и нивното здравје, за намалување на крвниот притисок, можат да го забрзаат закрепнувањето на телото по повредата, па дури и да дејствуваат како еден вид третман против стареење на организмот.

Затоа потребно е да се избере храна што ги содржи, како јајцата кои се одличен извор на протеини, посебно белката што е чист протеин, потоа пилешкото месо, што е исто така доста популарен извор на протеини. Бадемите содржат многу корисни хранливи материи, вклучувајќи растителни влакна, витамин Е и магнезиум, но и се одличен извор на протеини. Млечните производи, посебно јогуртот е препорачан извор на протеини. А постојат и уште подобри комбинации на нутритивно корисни состојки како што е Баланс+ пробиотскиот јогурт, каде покрај протеините кои се во својата оптимална доза, 3.3 грама на 100 грама јогурт, содржи и пробиотски култури корисни за дигестивниот тракт. Оптималната дневна доза е 500 грама пробиотски јогурт, и на овој начин, се консумираат 16.5 грама протеини на ден со само две чаши пробиотски јогурт, со што се внесуваат хранливи и корисни протеини, како и пробиотици за одржување здрав дигестивен тракт, што е и докажано со клиничка студија. Студијата, исто така, покажува дека Баланс+ има позитивен ефект врз различните аспекти на варењето, а со тоа индиректно и врз рамнотежата на целото тело.

Овесната каша, исто така е една од најздравите извори на протеини, половина чаша овесна каша има околу 13 грама протеини. Од зеленчукот во изобилството предводи брокулата, а од рибите туната. Покрај овие намирници, храна за која се смета дека е добар извор на протеини се други видови риби, киноа, семки од тиква, ракчиња, кикирики и многу млечни производи.

Како и кај повеќето хранливи материи, нема едноставен одговор колку протеини дневно треба да се внесуваат. Индивидуалните дневни побарувања за протеини зависат од здравствената слика и состојбата на телото. Приближно, се проценува дека на просечен возрасен маж му требаат 56 - 91 грама протеини на ден, а за жените дневната рамка се движи од 46 до 75 грама протеини.

Би можело да ве интересира:

Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки Сте размислиле ли некогаш како лесно и брзо можете херметички да ги затворите пл...
Идеи за појадоци за рамен стомак (кои ќе ве држат сити) Појадокот е најважниот оброк во денот и треба да биде полн со протеини, витамини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg