Како марулата да биде свежа подолго од 2 дена и уште 7 трикови за да не фрлате храна
Дали зелката и салатата постојано ги фрлате затоа што се веќе бајати по само 2-3 дена? И како да останат свежи како денот кога сте ги купиле?
Научете како да фрлате помалку храна..
Најголемата грешка ја правите кога зелката ја чувате во кесата која сте ја купиле. Најпаметно е да ја ставите во фиоката од фрижидерот. На овој начин може да издржи до 2 недели.
Спанаќот и марулата треба да бидат измиени во ладна вода пред да ги ставите во фрижидер. Ако ги покриете со пластична фолија, ќе ја задржите крцкавоста.
Пластичното пакување е најголем непријател на кашкавалот и сирењата. Штом еднаш ги отворите, завиткајте ги во хартија за печење.
Извадете го лебот од пакувањето и завиткајте го во чиста крпа.
Свежите печурки кои се продаваат во пластични пакувања веднаш извадете ги и префрлете ги во хартиена кеса.
Сувомеснатото и сланината најдобро се чуваат во пластична фолија, добро завиткани, извадени од оригиналното пакување.
Свежото месо подолго ќе остане свежо, без да го замрзнувате, ако го ставите во сад потопен со маслиново масло - секако, не значи дека со денови треба да го чувате така.
Тврдото бело сирење потопете го во 4 шолји вода во кои ќе промешате 50 грама сол, никако не го чувајте во празен пластичен сад.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





