Пресолената супа може да ја „спасите“ со компир - Кулинарски трикови коишто ќе посакате да сте ги знаеле порано

Овие брзи и досетливи трикови дефинитивно ќе го подобрат вашето искуство во кујната. Можеби не можете да се класифицирате како професионален готвач, но добро е да ги имате на ум овие трикови за да заштедите нерви, време, но и пари:

Kujnski-trikovi-koisto-ke-posakate-da-ste-gi-znaele-01.jpg

Одржете ги колачињата меки

За да се осигурате дека колачињата коишто сте ги испекле ќе останат меки, ставете ги во затворен сад и додадете парче свеж бел леб. Вака вашите колачиња, мафини, колачи и други печива ќе ја задржат својата свежина од првиот ден.

Kujnski-trikovi-koisto-ke-posakate-da-ste-gi-znaele (1).jpg

Замрзнете зеленчук за супа

Сакате да имате свеж зеленчук за супа преку целата година? Купете го зеленчукот на пазар кога е најдостапен и највкусен, измијте го, исчистете го, исечкајте го и замрзнете го во кеси со затворање. За ова ви е потребна мешавина од 2/3 кромид и 1/3 морков и целер. Вака замрзнатиот зеленчук може да трае 8 до 12 месеци.

Kujnski-trikovi-koisto-ke-posakate-da-ste-gi-znaele (2).jpg

Користете ја рерната за стасување тесто

Понекогаш во кујната може да биде многу ладно и да имате проблеми со стасувањето на тестото за домашниот леб. Ставете го лебот во рерната, но не ја вклучувајте. Наместо тоа, поставете тавче со врела вода под тестото и затворете ја рерната. Топлината и влажноста од топлата вода ќе помогнат тестото да стаса.

Kujnski-trikovi-koisto-ke-posakate-da-ste-gi-znaele (3).jpg

Замрзнете сосови за по една порција

Пластичните калапи за јајца се совршени за замрзнување мали порции од домашно направен сос којшто ви останал или сос којшто сакате брзо да го имате во случај на ненајавени гости. Кога ќе сакате да ги користите, само извадете онолку колку што ви треба и оставете го да се одмрзне во кесичка која се затвора.

Kujnski-trikovi-koisto-ke-posakate-da-ste-gi-znaele (4).jpg

Омекнете го путерот побрзо

Сигурно ви се случило да имате рецепт со путер и да морате да чекате да се опушти за да работите со него. Доколку сте заборавиле да го извадите путерот претходно, исечкајте го на мали коцки и оставете го на работната површина. Малите парчиња путер побрзо ќе омекнат.

Kujnski-trikovi-koisto-ke-posakate-da-ste-gi-znaele (5).jpg

Спречете го лизгањето на садовите

Доколку често ви се лизга садот за матење или штицата за сечкање, само ставете влажна крпа под нив и нема да го имате тој проблем повеќе.

Kujnski-trikovi-koisto-ke-posakate-da-ste-gi-znaele (6).jpg

Брзо изладете вино

Никој не сака топло вино. Најдете поголем бокал, во којшто ќе го собере шишето вино и почнете со ладењето. Потопете го шишето во ладна вода со мраз и една рака сол. На неколку минути вртете го шишето. Пијалакот ќе се излади за 20 минути или помалку.

Kujnski-trikovi-koisto-ke-posakate-da-ste-gi-znaele (7).jpg

Направете готовото лиснато тесто да изгледа како домашно

Станете врвен пекар така што ќе ги збогатите купечките лиснати теста. Оставете го лиснатото тесто да се растопи, а потоа премачкајте го одозгора со изматено јајце со една лажица вода, а потоа наросете одозгора зачини по избор. Испечете го тестото според упатството и уживајте во комплиментите.

Kujnski-trikovi-koisto-ke-posakate-da-ste-gi-znaele (8).jpg

Јајца на собна температура за поуспешни рецепти

Кога печете важно е состојките да се на собна температура. Затоа доколку ги вадите јајцата директно од фрижидерот, прво ставете ги накратко во сад со топла вода, за да не чекате да ги употребите.

Kujnski-trikovi-koisto-ke-posakate-da-ste-gi-znaele (9).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg