Храна која природно го зголемува либидото до моќен оргазам

Нутриционистите тврдат дека одредени видови на храна може да ги вжештат активностите во спалната соба.

Hrana-koja-prirodno-go-zgolemuva-libidoto-do-mokjen-orgazam-01.jpg

Кога помислуваме на храна која делува како афродизијак речиси кај сите првото што ни паѓа на памет е морската храна. Истражувањата спроведени од научници и експерти за сексуално здравје укажуваат на тоа дека кога станува збор за либидото, акцентот е повеќе на она што е во нашата глава отколку во стомакот.

Додека среќните невротрансмитери се клучни за добро ментално здравје, не ни треба многу време да сфатиме дека она што го јадеме има огромно влијание врз нашата самодоверба, длабокиот сон и енергијата.

Иако никој не сака да признае дека минува низ период на „суша“ или пак дека се соочува со намалена сексуална желба, овие случаи воопшто не се ретки. Истражувањата сугерираат дека 40% од жените почнуваат да чувствуваат пад на либидото пред менопаузата, во приближно исто време кога јајниците го забавуваат производството на клучниот сексуален хормон – тестостерон и естроген.

Другите фактори, како што се физичките или менталните болести, вежбањето и нивото на стрес, исто така имаат огромно влијание врз сексуалната желба и потенција. Сепак, како што откриле некои истражувачи, одредена храна може да има големо влијание врз расположението за секс, па дури и да го зголеми уживањето во самиот чин.

Имајќи го ова предвид, ова се 5 намирници богати со хранливи состојки кои треба редовно да ги консумирате за да ви помогнат да останете расположени и да ги зачините работите во спалната соба:

Овошја и зеленчуци со виолетова и црвена боја

Докажано е дека хранливите материи од лубеницата и цвеклото имаат значително влијание врз сексуалната возбуда. Лубениците содржат ликопен, бетакаротен и цитрулин, а сите имаат ефект сличен на вијагра врз крвните садови во телото. Цитрулинот се претвора во аминокиселина која ја подобрува работата на срцето и циркулацијата над и под половината.

Hrana-koja-prirodno-go-zgolemuva-libidoto-do-mokjen-orgazam (1).jpg

Зеленчук во темнозелена боја

Кељот, блитвата, брокулата и грашокот се полни со железо. Бидејќи недостаток на железо доведува до чувство на исцрпеност, јасно е дека овој суплемент е клучен кога станува збор за одржување на „среќни“ невротрансмитери, а тоа е нешто што е од витално значење за нашето здравје.

Hrana-koja-prirodno-go-zgolemuva-libidoto-do-mokjen-orgazam (2).jpg

Морска храна

Заедно со суштинските хранливи материи, рибите, школките, алгите и остригите содржат јод кој е важна состојка за работата на тироидната жлезда. Тој, заедно со селенот, е клучен фактор во производството на тироидниот хормон Т4.

Кога тироидната жлезда не произведува доволно хормони, тоа може да доведе до екстремен замор, губење на меморијата и нарушување на сексуалната функција.

Hrana-koja-prirodno-go-zgolemuva-libidoto-do-mokjen-orgazam (3).jpg

Храна богата со алицин

Лукот, црвениот кромид, празот и пиперчињата се познати по биоактивно соединение кое помага при болести на срцето и крвните садови, кои влијаат на артериите кои пак го подобруваат протокот на крв во карлицата.

Нарушениот проток на крв може да ја намали можноста за возбуда и оргазам и кај мажите и кај жените.

Hrana-koja-prirodno-go-zgolemuva-libidoto-do-mokjen-orgazam (4).jpg

Семки од тиква

Богати се со цинк, а хранливите материи што ги содржат се клучни за здравјето и кај мажите и кај жените – особено кога станува збор за тестисите, тестостеронот и еректилната дисфункција.

Hrana-koja-prirodno-go-zgolemuva-libidoto-do-mokjen-orgazam (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg