Совети за исхрана и вежбање што им биле од огромна помош на славните

Не претерувајте со спортски пијалаци

Таканаречените спортски пијалаци можат да ви јадат потребната енергија за време на тренинг, но не треба да претерувате со нив.

Сепак, тие содржат шеќери, а некогаш и кофеин, па пијте ги само кога ви се навистина неопходни.

Актерот Џона Хил целосно го трансформира своето тело, а вели дека тајната е умереност во консумирањето засладени пијалаци.

soveti-za-ishrana-i-vezhbanje-shto-im-bile-od-ogromna-pomosh-na-slavnite-06.JPG

Добро испланирајте ги оброците и програмата за вежбање

Наместо да се придржувате до строги диети, направете си неделен план за исхрана кој ќе вклучува многу здрави оброци.

На овој начин нема да се мислите што да јадете, а и нема да го ограничувате внесот на потребни хранливи материи.

Истото важи и за вежбањето – сами или со помош на инструктор направете си план за вежбање според вашите потреби и цели.

Зак Галифианакис е уште еден актер што драстично го промени изгледот. Него од најголема помош му биле токму плановите за исхрана и вежбање

soveti-za-ishrana-i-vezhbanje-shto-im-bile-od-ogromna-pomosh-na-slavnite-07.JPG

Подобро вежбајте 10 минути, отколку да не вежбате воопшто

Ќе има многу денови кога нема да бидете расположени за вежбање но во овие мигови наместо целосно да го прескокнете тренингот, потрудете се да повежбате барем 10-тина минути. 

Нормално, резултатот нема да биде ист како цел тренинг, но ова е многу подобро отколку да не направите ништо.

Токму ова го правела Кели Озборн, која поголемиот дел од животот беше полничка. Почнала со поедноставни вежби и пократки тренинзи, сè додека не се навикнала на поинтензивни вежби.

soveti-za-ishrana-i-vezhbanje-shto-im-bile-od-ogromna-pomosh-na-slavnite-08.JPG

Комбинирајте ја брзата храна со здрави намирници

Ако целосно си ја забраните брзата храна, за неколку денови сигурно ќе го прекршите во правило.

Многу подобро е да си дозволите да јадете брза храна еднаш неделно, но комбинирајте ја со здави намирници. На пример, изедете хамбургер, ама и порција салата.

Трансформацијата на Адел во најголема мера зависи од нејзината исхрана. Пејачката не го забранила, туку само го ограничила внесот на мрсна и храна богата со јаглехидрати и секогаш ја комбинирала со поздрави намирници.

soveti-za-ishrana-i-vezhbanje-shto-im-bile-od-ogromna-pomosh-na-slavnite-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...

Најчитани неделава