Пресолена супа, разводнет сос – како да гo „спасите“ јадењето кога ќе направите грешка?

Дури и на врвните готвачи им се случува да ја пресолат супата или да направат грешка додека готват, а не па на нас, кои сме само аматери во кујна.

presolena-supa-razvodnet-sos-kako-da-go-spasite-jadenjeto-koga-kje-napravite-greshka-01.jpg

Добрите вести се дека во повеќето случаи има начин како да ја поправите грешката и да го спасите јадењето.

Во продолжение погледнете како:

Пресолена супа

Ако ставите повеќе сол во супата, важно е да знаете дека никогаш не треба да ѝ додавате вода. Со ова можеби ќе ја регулирате солта, но сигурно ќе го уништите вкусот на супата.

Наместо тоа, можете да додадете булјон без сол.

Исто така, ако дозволува рецептот, можете да ставите ориз, зеленчук или тестенини како фиде.

presolena-supa-razvodnet-sos-kako-da-go-spasite-jadenjeto-koga-kje-napravite-greshka-02.jpg

Премногу зачинето јадење

Ако ставите премногу пипер во јадењето, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да го неутрализирате вкусот. Треба само да одредите што ќе одговара најмногу со рецептот што го приготвувате.

Додајте малку шеќер во јадењето, додека не се намали интензитетот на вкусот на пиперот.

Ако одговара со јадењето, додајте млечен продукт, како павлака за готвење. Или додајте оцет или лимонов сок.

presolena-supa-razvodnet-sos-kako-da-go-spasite-jadenjeto-koga-kje-napravite-greshka-03.jpg

Течно пире

Можете да го спасите и многу течното пире – едноставно, ставете го на тивок оган во тенџере што не загорува и почекајте да испари дел од течноста. Не заборавајте постојано да го мешате додека е на шпоретот.

Или, можете да додадете малку брашно. Во овој случај додавајте го брашното полека, со постојано мешање, сè додека не ја добиете посакуваната густина. 

presolena-supa-razvodnet-sos-kako-da-go-spasite-jadenjeto-koga-kje-napravite-greshka-04.jpg

Залепена пита

Ако питата ви се залепила на тавата, нема потреба да ја растурете.

Можете да го потопите долниот дел од тавата во топла вода – топлината ќе растопи дел од залепените состојки и полесно ќе ја извадите питата.

Или, превртете ја тавата наопаку врз чинија, а горниот дел завиткајте го со влажна, студена крпа.

presolena-supa-razvodnet-sos-kako-da-go-spasite-jadenjeto-koga-kje-napravite-greshka-05.jpg

Разводнета крем-супа

Крем супата треба да биде густа, но лесно е да погрешите и да ја направите премногу течна.

Во овој случај можете да додадете варен ориз или варен грав, леќа и слично, кои ќе ги изблендирате.

presolena-supa-razvodnet-sos-kako-da-go-spasite-jadenjeto-koga-kje-napravite-greshka-06.jpg

Разводнет сос

Во зависност од тоа каков сос правите, постојат два начини на кои можете да го згуснете.

Ако дозволува рецептот, во сосот додајте малку брашно и добро промешајте на тивок оган.

Ако не можете да додадете брашно, ставете го тенџерето со сос во тава за печење што ќе ја наполните со вода. Ставете го сосот во рерна на ниска температура и оставете го 10-тина минути. Откако ќе го извадите вкусете го, бидејќи можно е да испарат некои вкусови, а некои да станат посилни.

presolena-supa-razvodnet-sos-kako-da-go-spasite-jadenjeto-koga-kje-napravite-greshka-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg