Руска салата и свинско печење – Колкав е рокот на траење на новогодишната трпеза?

Колку долго ја јадете руската салата и тоа со постојана промена на температурата – од фрижидер на маса и назад?

ruska-i-pecenje-kolkav-e-rokot-na-traenje-na-novogodisnata-trpeza-001.jpg

Еден краток преглед за рокот на траење на месото, рибата, руската салата и колачите, за да избегнете непријатности во новата година.

Јадењата кои содржат риба се најризични и најлесно се расипуваат, па безбедни се за консумирање само 2 дена. Задолжително чувајте ги на температура под 8 степени.

Јадењата со месо, односно печење, имаат нешто подолг рок на траење, односно 5 до 8 дена. Исто така се чуваат на ниска температура под 8 степени. Овалите со месо не смее да седат на трпезата.

Руската и француската салата лесно се расипуваат поради јајцата, компирите и мајонезот, па би требало да стојат на многу ниска температура, под 4 степени и тоа исклучиво 3 дена. Не повеќе.

Јадењата од зеленчук по правило се загреваат само еднаш и тоа на висока температура. Спанаќот и печурките не ги подгревајте, може да ги послужите ладни во рок од 2 дена.

Колачињата имаат рок на траење од 4 дена – ако се полни со крем на база на јајца, а до 20 дена – ако се направени како тврди кекси. Кремастите колачи се чуваат во фрижидер, а сувите колачи на ладно, до 10 степени.

Варените јајца исто така мора да се чуваат во фрижидер, а не на маса. Ако се чуваат на ладно, имаат рок на траење до 6 дена.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...

Најчитани неделава