Што ќе се случи ако секој ден јадете по 2 лажици путер од кикиритки?

Поздраво срце, подобра кожа и полесно слабеење се само дел од придобивките од путерот од кикиритки.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-2-lazhici-puter-od-kikiritki-01.jpg

Путерот од кикиритки е одличен продукт богат со многу хранливи материи. Уште подобро е што лесно може да се комбинира со многу видови храна и е можеби совршената состојка за здрав и балансиран појадок.

Ако го консумирате секој ден во мерени количини, можно е да почувствувате многу здравствени придобивки.

Препорачливо е во текот на денот да изедете две лажици путер од кикиритки, а со ова количество ќе внесете 8 грама протеини, 3 грама хранливи влакна, како и манган, магнезиум, калиум и витамини Е, Б3, Б6 и Б9.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-2-lazhici-puter-od-kikiritki-02.jpg

Па, што ќе се случи ако секој ден јадете по две лажици путер од кикиритки?

Може да ви помогне во процесот на слабеење

Нашето тело има потреба од масти, но многу е важно каков вид масти внесувате.

Путерот од кикиритки е богат со таканаречени здрави масти, па е одлична храна ако пробувате да ослабете.

Покрај тоа, храната богата со здрави масти ќе ве држи сити подолго време, што значи ќе го намалите количеството храна што ќе го изедете во текот на денот.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-2-lazhici-puter-od-kikiritki-03.jpg

Го штити срцето

Путерот од кикиритки може да ја подобри состојбата на вашето срце.

Оваа храна содржи омега-6 масни киселини кои го намалуваат „лошиот“, а го зголемуваат нивото на „добриот“ холестерол. Путерот од кикиритки има и аминокиселина која може да го намали ризикот од разни срцеви заболувања.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-2-lazhici-puter-od-kikiritki-04.jpg

Ја подобрува функцијата на мозокот

Истражување спроведено на Харвард покажало дека исхраната која содржи кикиритки (вклучувајќи го и путерот од нив) може да го забави намалувањето на когнитивните способности поврзано со возраста.

Наводно, редовното консумирање путер од кикиритки може да го намали и ризикот од Алцхајмер.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-2-lazhici-puter-od-kikiritki-05.jpg

Го намалува ризикот од појава на рак

Кикиритките се одличен извор на антиоксиданти – состојки кои го спречуваат оштетувањето на клетките, а со тоа го намалуваат ризикот од појава на болести како рак.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-2-lazhici-puter-od-kikiritki-06.jpg

Може да ја подобри состојбата на кожата

Путерот од кикиритки е богат со витамин Е. Овој витамин ги штити клетките во телото, а најмногу се наоѓа во маслата што ги лачи нашата кожа.

Витаминот Е создава вид природна заштита на кожата и ја навлажнува, а со путерот од кикиритки можете да го зголемите неговото ниво во организмот.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-2-lazhici-puter-od-kikiritki-07.jpg

Зошто не треба да претерате со путерот од кикиритки?

И покрај бројните придобивки, важно е да бидете умерени со путерот од кикиритки – не внесувајте повеќе од две лажици дневно.

Работи кои треба да ги земете предвид:

Има многу калории. Една лажичка путер од кикиритки има речиси 100 калории и ако често јадете по многу, постои ризик да се здебелите.

Има многу масти. Веќе спомнавме дека мастите во путерот од кикиритки се здрави, но тоа не значи дека треба да претерате со нив бидејќи можат да се јават многу проблеми, вклучувајќи и дебелина.

Ризик од алергија. Ако сте алергични на јаткасти плодови, никако немојте да јадете путер од кикиритки. 

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-2-lazhici-puter-od-kikiritki-08.jpg

И секако, не очекувајте дека една лажица путер од кикиритки во комбинација со нездрав животен стил може да направи чуда. Но, има способност да ви помогне во водењето на поздрав живот. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...

Најчитани неделава