Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Грешки во кујна со кои несвесно го расипувате вкусот и на наједноставните рецепти

Ако сакате оризот да свари како што треба, немојте да го кревате капакот од тенџерето, ниту да го мешате додека се вари.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-01.jpg

Ако сте забележале дека некое јадење никогаш не излегува како што се замислиле, најверојатно правите некоја грешка која иако изгледа безначајно, очигледно прави голема разлика.

Сите правиме грешки во кујна, дури и со рецепти што сме ги направиле многупати претходно. Сепак, секогаш има простор да научиме нешто ново кога станува збор за готвење, а некогаш се потребни и многу обиди за да си ги воочиме грешките.

Доколку некои основни јадења, како печени компири, тестенини или варен ориз никогаш не ви излегуваат како што треба, можеби правите некоја од следниве грешки:

Не ги промешувате тестенините додека се варат

Морате повремено да ги мешате тестенините додека се варат за да не се залепат. Притоа, важно е да не чекате, туку да ги измешате веднаш откако ќе ги ставите во тенџерето.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-03.jpg

Ги плакнете тестенините откако ќе ги сварите

Немојте да ги плакнете тестенините откако ќе ги сварите. Во спротивно сосот нема да се „лепи“ за нив.

Добро би било и да зачувате малку од водата во којашто сте ги вареле и да ја додадете во сосот – поради скробот од тестенините, сосот ќе згусне повеќе.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-02.jpg

Не го одмрзнувате месото целосно пред да почнете со готвење

Можете да готвите замрзнато месо, но ако го одмрзнувате, осигурете се дека ќе биде целосно одмрзнато пред да почнете со готвење.

Ако не го одмрзнете целосно, внатрешноста може да остане делумно жива.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-04.jpg

Веднаш го сечете месото откако ќе го зготвите

По готвењето, препорачливо е да почекате 10-тина минути пред да го исечете месото за соковите од него да се распоредат низ целото парче.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-05.jpg

Го мешате оризот додека го варите

Освен ако не правите рижото кое бара речиси постојано мешање, немојте да го мешате оризот додека го варите.

Кога варите „чист“ ориз, само со вода, измешајте го дури на крајот за да не стане многу кашест.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-06.jpg

Го кревате капакот додека варите ориз

Со секое кревање на капакот, температурата во тенџерето се намалува, па оризот нема да се свари како што треба.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-07.jpg

Пржите храна во маслиново масло

Маслиново масло согорува на пониска температура од сончогледовото, па лесно можете да го прегреете. Ова, пак, може да го промени вкусот на храната.

Најдобро е маслиновото масло да го користите за салати, а доколку сакате да пржите со него, користете го за храна која треба да се пропржи само неколку минути.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-08.jpg

Не ја сушите рибата пред готвење

Ако рибата е многу влажна, кога ќе ја пржите или печете ќе почне да испушта пареа. Поради ова горниот дел нема да биде крцкав.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-09.jpg

Пржите влажен зеленчук

Кога пропржувате брокула, спанаќ или каков било зеленчук, осигурете се дека е целосно сув.

Вишокот вода ќе создаде пареа и ќе го промени вкусот.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-10.jpg

Додавате тврд путер во пирето

Речиси невозможно е добро да го измешате тврдиот путер во пирето. Затоа, најдобро стопете го, па потоа додајте го.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-11.jpg

Додавате лук прерано

Лукот се пржи многу брзо, па ако го додадете на почетокот, голема е веројатноста да изгори.

Најдобро е да го додавате свежиот лук како последна состојка.

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-12.jpg

Не ги варите компирите пред да ги испечете

За крцкави компири со мека внатрешност, препорачливо е прво да ги варите околу 10 минути, односно додека не омекнат, пред да ги испечете.

Ако ги ставите директно во рерна, можно е горниот дел и да изгори пред да се зготви внатрешноста на компирите. 

greshki-vo-kujna-so-koi-nesvesno-go-rasipuvate-vkusot-i-na-najednostavnite-recepti-13.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто се појавува сива обвивка на жолчката кога варите јајца и уште 5 објаснувања за чести појави за... Знаете ли зошто изгледа како водата да врие побрзо откако ќе ѝ додадете сол или ...
Храна со навидум неограничен рок на траење на која ѝ се менува вкусот ако ја чувате многу долго Ни се чини дека конзервираниот зеленчук може да трае вечно ако не е отворен. Ова...
Банана наместо јајца и уште 7 состојки што лесно можете да ги замените со други Ако немате јајца или сакате веганска верзија на рецептот за торта или палачинки,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg