Кулинарски трикови што треба да ги знае секој, според професионален готвач
Во јадењата како рижото, на крај додајте малку путер за значително да го подобрите вкусот.

Алиса Фицџералд работи како професионален готвач веќе 15 години. Таа смета дека иако не секој има време да стане експерт во кујна, некои трикови треба да им се познати на сите кои готват, дури и само повремено.
За Insider таа ги споделува најкорисните трикови што ги научила и кои верува дека ќе ви се најдат:
За да ја стабилизирате даската за сечење, ставете влажна крпа под неа. Овој трик функционира и за дрвени, и за пластични даски.

Однапред подгответе ги сите работи што можете – наострете ги ножевите, измијте ги и исечете ги потребните состојки, извадете ги сите потребни садови…

Никогаш немојте да користите тапи ножеви бидејќи со нив ќе мора да притиснете посилно, а со ова се зголемува ризикот ножот да ви се лизне од раката и да се повредите.

Ставајте сол на сите делови од рецептот, не само на крајниот продукт. Ако, на пример, правите тестенини со сос, ставете сол и во тестенините, и во сосот. На крај, доколку има потреба, додајте сол и во крајниот продукт.

Ако сосот е премногу густ, доволно е да додадете само вода. Само, додавајте со лажица за да не претерате и да не го направите премногу редок.

Важно е какво масло користите – бидејќи маслиновото масло и путерот почнуваат да горат на пониска температура, не се најдобар избор за храна што треба да се пржи подолго време.

Уште шест совети на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна
Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите)
Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната)
Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини
Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење)
Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет)
Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...