Кулинарски трикови што треба да ги знае секој, според професионален готвач
-->
Во јадењата како рижото, на крај додајте малку путер за значително да го подобрите вкусот.
Алиса Фицџералд работи како професионален готвач веќе 15 години. Таа смета дека иако не секој има време да стане експерт во кујна, некои трикови треба да им се познати на сите кои готват, дури и само повремено.
-->
За Insider таа ги споделува најкорисните трикови што ги научила и кои верува дека ќе ви се најдат:
За да ја стабилизирате даската за сечење, ставете влажна крпа под неа. Овој трик функционира и за дрвени, и за пластични даски.
Однапред подгответе ги сите работи што можете – наострете ги ножевите, измијте ги и исечете ги потребните состојки, извадете ги сите потребни садови…
Никогаш немојте да користите тапи ножеви бидејќи со нив ќе мора да притиснете посилно, а со ова се зголемува ризикот ножот да ви се лизне од раката и да се повредите.
Ставајте сол на сите делови од рецептот, не само на крајниот продукт. Ако, на пример, правите тестенини со сос, ставете сол и во тестенините, и во сосот. На крај, доколку има потреба, додајте сол и во крајниот продукт.
-->
-->
Ако сосот е премногу густ, доволно е да додадете само вода. Само, додавајте со лажица за да не претерате и да не го направите премногу редок.
-->
Важно е какво масло користите – бидејќи маслиновото масло и путерот почнуваат да горат на пониска температура, не се најдобар избор за храна што треба да се пржи подолго време.
Уште шест совети на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Корисни трикови како да откриете дали намирниците се свежи и вкусни или расипани и незрели
Не го купувајте пилешкото месо ако има вода во амбалажата или ако има многу црве...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете)
Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната
Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни
Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки
Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната
Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
-->