8 трикови со кои ќе го продолжите рокот на свежата храна и ќе ја искористите максимално

Чувајте ги морковите во сад со вода, а свежиот лук – во сад со масло.

8-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-rokot-na-svezhata-hrana-i-kje-ja-iskoristite-maksimalno-01.jpg

Колку пати ви се случило да купите некој зеленчук, но на крај да го фрлите бидејќи овенал побрзо отколку што сте мислеле?

Факт е дека свежата храна има пократок рок на траење, но постојат трикови што ќе ви помогнат да го продолжите. Истовремено, има начини и максимално да ја искористите свежата храна без да ги фрлате остатоците.

Во продолжение неколку вакви трикови:

Чувајте ги лиснатиот зеленчук и свежите зачини во влажна крпа

Зеленчукот како марула и спанаќ, но и свежите зачини како магдонос брзо се сушат и овенуваат.

Но, ако ги завиткате со влажна крпа и ги ставите во сад значително ќе им го продолжите рокот на траење.

8-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-rokot-na-svezhata-hrana-i-kje-ja-iskoristite-maksimalno-02.jpg

Чувајте ги компирите и кромидот одвоени

И компирите и кромидот е препорачливо да ги чувате на суво и студено место, но немојте да ги ставате во ист сад.

Компирите ослободуваат состојка која може да предизвика појава на габи и драстично да му го скрати рокот на траење на кромидот.

8-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-rokot-na-svezhata-hrana-i-kje-ja-iskoristite-maksimalno-03.jpg

Чувајте ги пиперките исечени

За пиперките да останат свежи подолго време, исечете ги и ставете ги во зип кеса, па во фрижидер.

На овој начин можете и да ги замрзнете – тогаш ќе ви траат и неколку месеци.

8-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-rokot-na-svezhata-hrana-i-kje-ja-iskoristite-maksimalno-04.jpg

Чувајте ги морковите во вода

За да го продолжите рокот на траење на морковите, чувајте ги во вода.

Најдобро ставете ги во висок сад, така што ќе бидат наместени вертикално, наполнете го садот со вода и ставете го во фрижидер.

Не заборавајте да ја менувате водата на секои 2-3 дена.

8-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-rokot-na-svezhata-hrana-i-kje-ja-iskoristite-maksimalno-05.jpg

Чувајте ги доматите во фрижидер, но извадете ги неколку часа пред да ги јадете

Ниската температура во фрижидерот ќе го забави скапувањето на доматите, но препорачливо е да ги извадите неколку часа пред да ги јадете.

Причината за ова е нивниот вкус – на собна температура доматите имаат поизразен и подобар вкус.

8-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-rokot-na-svezhata-hrana-i-kje-ja-iskoristite-maksimalno-06.jpg

Не мора да фрлате сè откако ќе му помине рокот

Кога станува збор за добро затворена храна или зачини, не мора да ги фрлате веднаш штом ќе им помине рокот на траење.

Ако во нив нема мувла и не забележувате промена во мирисот и вкусот, овие намирници можат да се користат и месец-два откако ќе им помине рокот.

Сепак, ако станува збор за веќе отворен продукт, најдобро фрлете го.

8-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-rokot-na-svezhata-hrana-i-kje-ja-iskoristite-maksimalno07.jpg

Чувајте го лукот во масло

Ако го чувате лукот во масло, ќе можете да го користите и до три месеци.

Во зависност од тоа како ќе го употребувате, можете да го исечкате или да ги оставите целите чешниња. Потоа ставете го во сад, потопете го со масло и добро затворете го.

8-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-rokot-na-svezhata-hrana-i-kje-ja-iskoristite-maksimalno-08.jpg

Исечкајте го преостанатото месо и искористете го за други јадења

Ако, на пример, ви остане поголема количина пилешко месо, исечкајте го на помали парчиња и искористете го за друг рецепт, како салата со пилешко или супа.

Вака исечканото месо можете да го ставите и во замрзнувач каде што ќе можете да го чувате половина година и повеќе.

8-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-rokot-na-svezhata-hrana-i-kje-ja-iskoristite-maksimalno-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна со навидум неограничен рок на траење на која ѝ се менува вкусот ако ја чувате многу долго Ни се чини дека конзервираниот зеленчук може да трае вечно ако не е отворен. Ова...
Зошто се појавува сива обвивка на жолчката кога варите јајца и уште 5 објаснувања за чести појави за... Знаете ли зошто изгледа како водата да врие побрзо откако ќе ѝ додадете сол или ...
Банана наместо јајца и уште 7 состојки што лесно можете да ги замените со други Ако немате јајца или сакате веганска верзија на рецептот за торта или палачинки,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg